Фала Иначе го правам со белка,една белка со 150грама шеќер во прав и се мати. Боите после си ги рсствараш во маалку вода и мешаш со белката изматена. Боите од Рамстор ги купив во кесички.
Spoiler: Рецепт Потребни состојки: 2-3 рендани тиквички 50-100 грама сецкани оревчиња 1 павлака Лук Сол Масло, јас користев маслиново Постапка: Прво се пропржуваат со малку масло на потивок оган сецканите оревчиња, околу 5 минути додека да добијат заруменета боја и убав мирис. Потоа се додаваат ренданите тиквички и се додава масло и се готви на умерена температура, сè додека не испари течноста што ја пуштаат тиквичките. Потоа се додава сол и лук и се трга на страна да излади. Кога ќе биде изладено се додава павлака, се меша и се сервира. Сликата од лево е пред да додадам павлака, од десно сликата е скроз готово со додадена павлака. Многу е вкусно, оревчињата даваат посебен шмек и вкус Следен пат ми е во план да додадам и рендан морков и сецкани 2-3 пиперки. Spoiler: Слика 1 Spoiler: Слика 2