Користев сладолед од кесичка од ванила. Прво направив една кесичка според упатството што е на пакувањето. Смесата во блендер ја измешав со 100-150г јагоди/малини. Па ја ставив во калап за печење леб обложен со хартија за печење. Оставив да се стегне саат-два. Потоа направив уште една кесичка и го ставив врз првиот слој па оставив да се стегне уште еднаш. Последниот го измешав со 100г стопено чоколадо и го оставив да се стегне убаво преку ноќ