Периодов. Тортиља со блитва, печурки и гауда, стисната на тост. И урда со јогурт, краставица и копар. Боранија со морков и мисиркино мелено месо, потпечена во тава во рерна. И сварен булгур, пошо само "главново" јадење ми беше јакичко, а леб не ми се јаде. Ржан леб, од оној екстра интегралниот (германскиот од Стокомак), со хумус, краставица, ротквица и благи маслинки. Микс за ѓувеч (црвена пиперка, морков, боранија, грашок, кромидот го требам), пропржен со доматна паста и зачини, па помешано со сварен булгур, па напикани во свежа тиквица, сето потпечено во фрајер. Овес сварен со соино млеко и малини (се распаднаа), и одозгора путер од кикирики, чиа и банана. Зеленчукова супа со многу морков, пашканат, целер и резанци. Нудли со соја сос, сварена брокула и лут чили сос. Пилешко со хопла, кари и пармезан. И грашок.
Ролат обланда со крем банани и со желе бонбони. На ова со желе малку ми се подкрши обландата ама најмал проблем тоа. xD