Мајка ми го прави. Потребно е: *Златна мешовина *Ориз *Малку кромид колку да се запржи *Сол и црн пипер,вагета,сушен зеленчук по желба *Вода На зејтин во тава се запржува кромидчето.Потоа се додава исчистениот и измиен ориз и тој во тавата се запржува за да стане стаклест. Додека го запржуваме зеленчукот загреваме 4 шољи вода од 150 милилитри. Додаваме сол и црн пипер и го префрламе во тавата во која ќе го печеме оризот. Полеваме со врелата вода, го додаваме златниот микс, мешаме и ја ставаме тавата во загреана рерна на 200 степени. Се пече додека да испари течноста 30 минути.
Деновиве. Њоки со хопла, фета, печурки и пармезан. Принцес крофни ама со пудинг од лимон мешан со шлаг со лимонов шеќер. Преодлични. Беа мачкани со кремче и путер од кикирики, и мармалад од портокал. Овес со соино млеко потпечен во микро (се напраи ко колаче), и банана, јагоди и путер од кикирики. Болоњезе со мисиркино мелено. Туна измешана со Томи мајонез и сенф, зш само така можам да ја јадам, во салата со марула, краставица, ротквица, домат и пиперка. Денешиот ручек и десерт: Лазањи и мафини со јагоди.