Нешто како хоби ти е ова праењево благо или се занимаваш и професионално? Значи колку само те бива и се познава дека со мерак ги праиш, секоја чест, се што постираш е преубаво.
Овие се само варени со лук и прованса зачин, па по варењето им е додаден тартар сос. Инаку, кога имам време ги правам со сос од домати (или пиперки, праз, модар домат, тиквичка, зависи што имам дома). Некогаш во сосот додавам и крем за готвење.
Ништо посебно, безглутеинска смеса за палачинки од Зегин ја земам (Zegin healthy food) се меша со 320 мл. млеко и 2 лажици масло. Толку, без јајца. И моја препорака, додавање малку цимет, им дава посебен мирис и вкус.