Нема за што ем сладолед ем торта си јадеш , одлична примена и во зима да си јадеш ако си љубител на сладолед .. сега е мн топло затоа кога ке спаднат малце температурите нема да ти се разлева .. важното вкусот е битен .. дај фрли готоа парчето
Ќофтиња од тиквички според рецептот на првата страна на Фемини само што јас ги направив со една тиквичка наместо со две.
Да, тие се, ги полнам со пилешко, туна, колбаси, мелено ко за болоњезе и обавезно дополнително кашкавал рендан и патлиџан сецкан
Мене ми се свиѓаа со оглед на тоа дека сум љубител на тиквички само треба многу многу убаво да се исцедат тиквичките бидејки имаат мн вода и ако тоа не го средиш ке бидат од надвор испржени а одвнатре како бљунтави.Исто јас не би ставила сода бикарбона бидејки некако се осекаше и не ми напраи тоа мерак иако ставив мн малце .
Како љубител на кулинарските вештини, но не и на гурманството, претпочитам редовно и умерено консумирање на храна, по долго разгледување на темата, одлучив да ви се придружам. За почеток, нешто од денешното мени за ручек кој беше повкусен од вообичаената подготовка со оглед на тоа што и јас се испржив покрај шпоретот Пржени пиперки полнети со урда и ќофтиња од тиквичка