Пилешки прсти. Рендани варени компири полнети со кашкавал (правени во форма на плескавица )па пржени.
Проја со урда и праз, пржен модар патлиџан и пржени пиперки. Вчера цел ден си готвев. За денес печени макарони со потпечен свински нарезак.
Француска салата За љубителите на седенки одлично се комбинира со домашна ракија. Со оглед на тоа што ретко преферирам таков амбиент и не конзумирам алкохол, не можам да коментирам за добрата страна на друштвената атмосфера. Посебно ја препорачувам за летниот период.
На секое одење кај баба ми ги има овие превкусни old school колачиња. И нормално, баба ми не ме пушта дома додека не ја види чинијата испразнета.
Демек крофни со слатко од боровинки, ама формата после пржење повеќе напоменува на UFO него ли на крофна. Битно вкусни беа, благодарност до @koritsaki за рецептот.
Воздушни испаднаа, мислев дека ќе пукне тестото кога почна да нараснуваат при пржење. Изгледа дека премногу тенки ги расукав страните, затоа така. Се пржеа во рок од 4 секунди, треба само до шпорет да стоиш инаку чипс ќе се направи крофната.
Еве едно летно јадење од мене: пиперки полнети со мешавина од јајца, сиренце и магдонос, зачинета со сол и бибер. Сето тоа испечено во рерна. Со убава салатка од домати и краставици - мерак.
@Serafima три пати годишно имам желба за благо, ама твоиве мајсторшини редовно ги јадам со очи. Тортава е совршено направена, секој слој и фил си е на место. Браво! Од мене нешто далеку поскромно Хармоника пита од готови кори за недомаќинки Уште ако ве мрзи како мене на топлово да се заебавате низ кујна и на пола моткање ќе си развиете свој начин на виткање и филување, па така си добив уште една идеја за вкусно јадење без многу церемонии. Од дома исто колективно дадоа палче нагоре, така што и официјално е изгласано на неделно мени : ))))
@kukla21 на оваа страна е рецептот женска http://forum.femina.mk/threads/Рецепти-од-Фемина-Инстаграм.23163/page-16 tamu ja pravev samo so jagoda i vanila , na slikata sto e kaj receptot
Малκу повеќе се ρастуρени топκите ама сум голем обожавател на саρмичκи .. κој κе пρави да не смее да не ме виκни хахах и јајцата моρав да ги ставам имаат интеρесна фоρма