Веган,без глутен girlie here такоси од безглутенско овесно брашно. Црвениот лут сос е од печена црвена пиперка,чили,таан,сируп од урма,лук и сок од лимон. Крем салата од црвена зелка ситно сечкана,сок од еден лимон,таан,кумин и лук во прав. Печен карфиол и црвен грав со тако зачини. Одозгора домати,краставици,црвен кромид и авокадо
Тортиља со свинско месо , спанаќ и сир. Месото беше печено претходно, потоа исецкано и измешано со спанаќ пропржен на путер со малку лук. И на крај додадов и сир за да се соединат подобро, може и кашкавал да се додаде и ги тостирав. Оригиналниот рецепт беше со пилешко и интегрална тортиља, наредно ќе пробам и така. Торта со мак 3 јајца и 200g шеќер да се изматат додека да стане пенасто. Па се додава 100 мл масло, 150 гр мак, 150 гр брашно, 150мл млеко и пола пециво. Се пече на 170 степени 40 минути. Откако се подизлади најгоре ставив истопена милка со малку млеко.