Инспирирана од вчерашниот пост на Абракадабра - домашно приготовени њоки, во доматен сос со чери пипер и пармезан.
Што ме прашаа за пројата. Да, со спанаќ е. Турлитавата на жалост не ја сликав кога беше ставена на масата.
Печени пиперки, пржени тиквици,похован црн патлиџан,полнети пиперки со сирење и кулен,похована зденка,типчиња од сирење кулен и кашкавал
Варен геврек со кисели пиперки, урда, чајна и салата. Летна манџа со пиперки и патлиџани со рендан кашкавал. Тостови со кашкавал и чајна. Полнета пиперка со ориз и кобасички.
Едно летно јадење од мене. Летен пинџур од печени модри патлиџани, зелени пиперки, домат и сето тоа толчено во дрвено аванче и зачинето со лукче. Бонус - домашен леб. Опасно по живот (заради прејадување)!
.... а бе Лејди ! Јас кобајаги да редуцирам со тесто и пецива, ти провоцирај само И јас правев пинџур, ама со пиперче и патлиџанче ...Македонче Сите на пинџур сме удриле денес
@Abrakadabra, што да правиш, сама рече - Македонче. Ете, кренав раце од постирање на темава бидејќи ме уби жештинава, гледам и јас нешто малку количински и лесно да јадам, ама пусто, јуначко срце не додржа веќе. Инаку, ова твоево јадење го викаме летна манџа. Кој да знае веќе кои им се вистинските имиња на јадењава.