Ми се грицка нешто... ееј види, пакетче шпагети! П.С. Чери доматчињата ми се домашни, прв пат ми успеваат и среќна сум.
Мојата вечна љубов - пицата! Откако научив да месам, не прекинав пици да правам. Оваа, денешнава (во чест на „заладувањето“ на времево ) ја направив како вегетаријанска - со домашен доматен сос, гауда кашкавал, печурки, моцарела и како врв на се' - ливчиња свеж босилек од градината (кои малку ми се запекоа од топлата пица).
Пред да ставиш свежи билки над нешто што треба да се пече, обавезно натопи ги во маслиново масло. Ова пред некој ден го научив од Џејми Оливер.
Не знам дали ја има во рецепти , ако ја има те молам дај ми линк или ако не те мрзи пиши ми ја во лп. Изгледа вкусно, лесно, летно, а три родендени ме чекаат Фала
Одамна не сум прикачила слика во оваа тема, па еве една чинија со овошје кое го конзумирам по цел ден, секој ден. Почнувам да се движам во насока на фрутаријанизам
Кога немам поим што да јадам и кога ме мрзи да спремам, сендвич ми е најбрзо решение. Со интегрално домашно лепче, рикота, сецкана свежа краставичка, мисиркини гради и едамер.