Темата е повеќе посетувана за храна па да прашам и овде за утре каква погача треба, посна? Сите различно ми кажуваат и уште се мислам која да ја направам.
Оф-топик прашање : Ги обработуваш сликите во некој програм? Некако на првата слика како поарчето да лебди во воздух или како да е поткренато на нешто. А на таа во спојлер како на лебди врз виљушката... Исто, на едната слика, целиот колач е во голема шарена чинија а на другата во визуелно многу помала бела... извини ама професионална деформација е во прашање
Не се обработувани, со телефон се сликани со опција "food" и прикачени такви какви што се. Сменета е чинијата, нема магија Жал ми е што не исполнуваат стандарди, не сум професионалец ни во готвење, ни во фоткање