Пиши во оваа тема е за рецептите од овде http://forum.femina.mk/threads/Рецепти-од-Фемина-Инстаграм.23163/page-18#post-2492325
Пред да можеме да ја отвориме темава, не е лошо да има прашање ДАЛИ СТЕ ГЛАДНИ Ако одговорите НЕ тогаш да можете да ја отворите темата, а ако одговорите со ДА, да ви пише Извинете, но прво одете најадете се убаво, па повторно обидете се. Значи стварно ако не си најаден убаво, што би се рекло Прејаден, невозможно е да не ти се пријаде. СЕКОЈА ВИ ЧЕСТ ФЕМИНКИ, ПРЕКРАСНО ГОТВИТЕ!!!
@Kukla994 Ја као искусна готвачка ти дадам 10че.Браво! Превкусно изгледа..е ај ти јади си,јас ке се оближувам само шо...
Уживам рано посабајлечки на тераса со утринско кафе и свежо ветерче, дневен ритуал и несакам никој да ме дира, ова е кафе со јачмен, Само што го згасив од крчкање, прекрасотии
Денес на моето мени: Ориз со кромид, морков и магдонос, и мојот омилен начин на конзумирање на ова јадење - со кисело млеко и кари. Кремасто, освежително и превкусно. А ова беше набрзинка вчера направено како мезе, ама со другарка ми слатко се најадовме. Млад компир со зачини печен во рерна + салата од патлиџани и кромидче. Со зачините сакав да експериментирам малку, па ставив сол и бибер, оригано, мајчина душичка и буковец.
Пак јас со мои измишљотини. Стопив и измешав неколку лажици путер од кикиритки, 4 коцки црно чоколадо, испасирана банана, исецкани бадеми и лешници, и сосема малку млеко на дното за да не се залепи дури се грее. Препрепренајвкусно е откако ќе смрзне.