Преубаво, as always, Подолг период мислам да те прашам од каде ги земаш ситните украси на колачите и тортите (овде конкретно белите бисерчиња) и дали знаеш каде можам да најдам квалитетно чоколадо во боја или да ми препорачаш кое бело чоколадо го користиш, па да си ставам прехрамбени бои во него?
Ти благодарам Декорации купувам од каде ќе начекам, а конкретно беливе топчиња се од Dolce. Бело чоколадо последниов период најмногу користам од Лидл. Спојлер Понекогаш земам Schogetten или Lindt. Чоколадо во боја јас не сум сретнала кај нас, што не значи дека нема (ако најдеш, сподели) Во Dolce имам видено дека има и бои за чоколадо, ама не сум ги пробала какви се.
Јас еднаш имав земено чоколадни капки во боја од Бако продавниците што се за јаткасти плодови и семиња (на Рекорд имаат продавница карши триумфалната), ама не сум сигурна дали се уште продаваат.