Бев на работилница за правење паста, на крајот ни ги дадоа тестенините за да си ги зготвиме дома. На првата слика се равиоли полнети со рикота и кора од лимон во црвен сос направен со пелати домати, лукче и пекорино. На втората се таљатели во бел сос направен од пропржени буковки, лукче, хопла и пекорино, и комотно можам да кажам дека тоа се убедливо најдобрите тестенини што ги имам некогаш направено.