А да почнеме ние тука да те ангажираме да ни правиш торти и десерти за разни поводи, па и без повод? Јас стварно не знам зошто не се бавиш професионално со ова, си газиш!
Со путер-крем е, фала ти Можеби еден ден ќе се решам да сменам професија, сега за сега - останува само задоволство и мерак Ти благодарам
Не менувај работа, ама задоволствово и те како можеш да го уновчиш. Тоа тортулето едноставно еднаш одамна што го имаше постирано, со таан и чоколадо филот, мислам 10 пати го направив. На кој и да му ставам по 2 парчиња јаде. Надежно замрзнувам, ама маж директно од замрзнувач си вади.
За тоа, прв услов што треба да биде исполнет е да имам повеќе време Понекогаш и по три дена ми требаат да направам нешто. Претежно работам кога спие син ми, а тогаш и јас веќе сум уморна и само гледам кревет да фатам. На пример, денес ќе го направам тестото, утре ќе печам колачи, задутре ќе правам ајсинг и ќе ги декорирам. Тортата погоре, само за декорацијата - спремање на кремот, прво премачкување, па втор слој, па мешање бои, па "сликање" цветови, сигурно 3 саати, а може и повеќе ми одзема. А каде е матење, печење, филување... Инаку, не знаеш колку ме радува кога некој ќе ми каже дека направил нешто што видел кај мене Фала ти многу
Вечерни занимации, кога ми треба одвлекување на умот на друго место. Не се инста сликиве, ама цела куќа мириса на цимет и лебче.
Ако ништо друго, направи си профил на инстаграм. Чисто ради сатисфакција и споделување на рецепти, а и убав шарен ќе ти биде профилот за гледање, верувам дека ќе имаш многу следбеници.
На која температура на плотната ги печиш? Ја имам истата тава никогаш вака не ми се знаат смајлињата. Или па јас многу смеса ставам
Прво ја пуштам на најјако на 6ка да се загрее тавчето па ја намалувам на 3ка и така ги правам а смеса ставам од голема лажица малку повеќе од пола ја полнам
Треба да пробам со помалку смеса да ставам, јас скоро до горе ги полнам. Со лажица за сладолед ставам