Со путер крема ли е целата торта декорирана? Доколку е, ме интересира дали на вкус е лесна, од путерот да не е потешка? Вчера и јас правев торта до последно се мислев како да ја декорирам и на крај со шлаг пак ја направив.
Да, путер крем е. Па е потешка, поради големата содржина на шеќер. Споредено со шлаг, доста е потешка, неспоредливо. Инаку, иако се стврднува, сепак е путер, во уста се топи веднаш. Сепак функцијата му е декорација, не придонесува нешто многу на вкусот, исто како и другите типови декорации (шлаг, фондан).
Маж ми ме пофали, ми рече дека сум се надминала себеси за лососов. Маринадата си го прави своето, ама и новата рерна.