За прв пат правам пастрмајлија. Затоа има чудна форма Тазе домаќинка сум, па не располагам со округли тепсии, само коцка, а не знам толку добро да месам. Иако тестото треба да биде малку подебело, превкусна беше и вака. Ја прелив со јајце, сиреннце и кашкавал.
Дани, сликава само за во Фото-натпревар. Да не бидам офф-топик, еве нешто од мене. Фусили, со домашен доматен сос, печурчиња, кромидче, ситно сецкано пилешко, едамер... А да, зачини секако, а тука е и свежиот босилек.