Домашно лепче, ајвар, маслинки, чадена свинска пршута и најубавото козјо сирење - Солза, со зачини. Залеано со црвено винце. Мххх!
сутлијаш со пудинг од ванила украсен со банана,мандарина,јапонско јаболко,чоколаден прелив и ситно сецкани лешници a во долниот дел има искршени ишлери
@Val-Dim, секоја чест за рецептот за кроасаните. Лесен рецепт, многу успешен, малку макотрпна изработката, ама на крај се исплати. Воздушести и меки како душа. Моите се полнети со нутела.
@Lady Phoenix добредојде во друштвото на „кроасанџики“ од Фемина форум!!! Совршено си ги направила кроасаните !!! Ако не се лажам, ти си петта што ги направи и објави кроасаните на Фемина Инстаграм!!! Браво вредни девојки !!!