Мила рецептот го имаш во темата „Рецепти од Фемина Инстаграм“!!! И тоа во два поста, во првиот сум заборавила брашното да го напишам !!! Направи, пробај, фотографирај... ќе се заљубиш во кроасаниве, гарантирам!!!
Ашуре. *Да напоменам дека не е правено од мене туку од една фамилијарна пријателка која ни го прати.Битно јас го јадев.
Кроасаните на @Val-Dim. Моите полнети со еурокрен и џем од црни сливи. Кој не ги пробал до сега многу пропушта. Прекраснотии!
Вчера за ручек проја со спанаќ и урда, пржено месо и лутеница. Денес за ручек грав, тазе направена руска салата и кисела везена пиперка.