Посен фамилијарен ручек, за слава и прекрасниот празник Пречиста Богородица. Зелник со печени кори - макотрпна и тешка работа која бара време и работа околукорите за да на крај навостина се исплати целото време и тешкотија. Никогаш не стасав целосно да ја сликам тепсијата голема колку една маса но еве дел од вкусот. Посно гравче, не запржено со многу базилек. И риба..
Денес бев посебно вредна 1.Ручек за мене 2.Ручек за домашните 3.Р'жани лепчиња за утре со ленено семе 4.Посен колач 5.Какао со млеко за мојата мајка
Дел од нашата трпеза за Пречиста - кифли, амур риби, пастрмки, сарма, гравче, компир салата, кикирики, баклава и 11 врсти колачи Сè е домашно спремено. Ова е од првата вечер, денес втората со сличен аранжман За многу години нека е! Спојлер: Слики Едит - Најголем комплимент за спремањето ми е од дечко ми: Единствена посна слава на која знам дека убаво ќе се најадам е твојата