Излезе сосема непланирано да правам лепче за Бадников. Ние двајца имавме многу скромна трпеза: лепчето кое ми распука зашто го премесував поради тоа што се откри паричката, ајвар, туна со гравче, морков и маслинки, некое растително сирење и овошје. Не сме по посната храна, па затоа, меѓу другото, излезе вака сиромашно. Ама важно да се одбележи денов. Инаку, паричката се падна кај него. Со среќа нека му е на мојот атеист.
Печени ролати со крем, првиот малку го загорев, ама другите се топат во уста ммм. Единствениот ролат што знам да го правам.