Кој ме тераше сега да ја отворам темава девојки алал да вие многу сте вредни Marossa рецепт за мини пиците, убаво изгледаат
Морав да те цитирам и да ти кажам дека и ние со мамита ги правиме истиии Ајде нареден пат кога ќе правиме ќе ви ги сликам да ги видете
Еве рецепт за мини пици,мама така ми го кажа Спојлер За тесто: 1/2 кг млеко 1 кг брашно 3 лажици сол 2 лажици шеќер 2 белки 250мл зејтин 1 квасец Го делам тестото на 2,3 дела и ги расукувам поединечно.Кога ќе се направи кора ја премачкувам со кечап,рендам шунка и кашкавал и ставам оригано.Потоа ја мотам кората како ролат,па ја сечам на парчиња,онака кружни.Кога ќе ги направам сите,ги оставам да втасаат .Потоа се редат за печење во тава со хартија,одозгора се премачкуваат со жолчката од двете јајца,по едно делче маргарин врз секое кругче и сусам и оригано.Се печат на 220 се додека не добијат убава боја (вака само јас се ориентирам).Се надевам ме разбравте
Протеинска салата. - Туна, јајца, мексичка конзерва мешавина(пченка, грашок), марула, младо кромидче, тартар сос.
Салата од обарена брокула и морков, по количината што ми останала се познава колку не можам да ѝ одолеам.