Рецептов е на ane.bella со мали модификации од моја страна. Спанаќот се вари одделно, а морковот и два средни компира одделно. Кога ќе се свари сето ова се става во блендер со дел од водата во која се варел спанаќот или компирите (стави вода колку што сакаш да ти биде густа/ретка супата, а ако немаш доволно место вода можеш и после да додадеш). Во тава на тивок оган запржи кромид со кромид во прав, црн бибер, каjан пипер малку ако сакаш луто или пак стави зачини на своj вкус и сето тоа испржи го додека кромидот омекне. После додаj го ова заедно со изблендираниот зеленчук во лонче, додади сол на вкус и остави да врие 3-4 минути. Доколку ти е погуста супата мешаj jа често да не загори. На крај, кога ќе послужуваш, стави пармезан или моцарела одозгоре, за додатен вкус.
Вегетариjански сендвичи со mexican mish cheese, пушен кашкавал, jаjца, домати, пиперки, чери пипер, кромид и сенф. Превкусно!