Хахахахаха.... ме изнасмеа сега да знаеш..... А јас па од што сум мераклика на кркачка, иако сум бремена , не можам да си го замислам денот ,а да не зирнам во темава
Благо по рецепт на свекрвата, чај од јагода и брусница, смуди со јагода и банана + цимет и ленено семе.
Мафини со макарони, конечно се решив да ги направам. Многу убави излегоа, следен пат повеќе ќе ги наполнам калапите.
Рукола салата со пармезан и шери домати зачинето со маслиново и балзамико. Свинско со печурки динстано во црвено вино. Прилог компир варен во млеко и павлака, па после е печен.