Гибаница Спојлер: Рецепт 500 гр готови кори,6 јајца,една чаша или околу 250мл зејтин,една и пол чаша кисела вода и три чаши млеко.Се заедно се меша и се додава дробено сирење(јас овчо ставам)едно калапче,ама можете колку сакате,по ваша желба. Во една подлабока,повисока тава се ставаат две кори.Потоа врз нив се редат кора до кора.Секоја кора(освен тие првите две)претходно ја гужвате и ја потопувате во смесата.И така додека не се потрошат сите кори.Се редат една до друга во тавата,не му ја мислите на редот,се е изгужвано.Може и на крај една кора да оставите за да ги покриете,ама јас не ставам.Се пече на околу 150 степени од прилика 1 час.Ама вие си ја знаете рерната,колку е јака.Печена е кога ќе се зацрвени убаво.Ако одозгора бргу ви се зацрвенила,може да е жива и многу влажна внатре.Тогаш ставете еден лист хартија и оставете ја да се допече.
Gluten free Палачинка со брашно од костени, пржена на кокосово масло, декорирана со слатко од дуњи и оревчиња