Демек здрав ручок, да се извадам од тоа што за доручек имав хамбургер и две големи парчиња торта. Ориз со брокула и домати. Прв пат ориз сама да направам, а го погодив машала.
Џинџер, многу ме интересира: вкусна беше печената банана? Да спремам една со мед сега одма? Колку време се печеше? Спојлер: Ме збуна Се мислев што чудо е ова бре? Па после ја видов сликата со подготовката и јасно ми е.
Кај ти отиде умот, кажи, кажи? Се пече додека не поцрни корубата. За вкусна, превкусна, се топи како сладолед. Еве го рецептот, само јас додадив и екстракт од ванила. https://moirecepti.mk/post/печена-банана/ Кога јаболко со мед е убаво, зошто да не и банана.
Нигде конкретно, ништо не ми беше јасно. Сега ја намислив со путер од кикиритки или мед, па ќе направам и таква и таква. Фала!
Здрав доручек и не толку здрав ручек. Овошна салата и похован стек со плескавици од пире и малку печурки.
Ориз тавче со зеленчук и шопска салата. Шпагети со зеленчук и остатокот од ќофтињата што не се дојадоа