Во едната чинија е интегрален леб на коцки пропржен во малку масло, а потоа му додадов и печурки, едно јајце и зачини. Другото е павлака со малку мајонез и маслинки. Импровизирав, ама многу вкусно.
Спојлер Ова е за во микро. 4 лажици брашно 3 лажици шеќер 2 лажици какао 3 лажици млеко 3 лажици зејтин 1 јајце Се прави смеса од состојките, се исипува во една чаша за млеко. Во микро се прави за 3-4 минути.
Ружо, Ружице ... Моменти на релаксација и малку уметност . Не се целосно дозавршени, бидејќи им недостога зелениот дел долу, ама си велам и вака ќе поминат (не се посни, да се разбереме ).
Вратете малце наназад мислам имам постирано слики. Истово колаче со ореви и лешници, јас му додавам и малку цимет, а некогаш и сипувам пола смеса, ставам топено чоколадо и ја досипувам смесата. Кога е готово го покривам со шлаг пена во шприц и му рендам чоколадо. Пробајте. П.С. Извинете за оф топик