1. Печено пилешко со печурки, домати, морков и сушен магданос. 2. Сендвич со јајце, стопено сирење и салата ( од домат, краставица, морков и кромид ) 3. Солени бомбици ( како што јас ги нареков ) - направени од стар леб, сирење и малку млеко - после тоа овалкани во јајце и испржени + павлака со оригано. Се извинувам за лошиот квалитет на сликите.
Јас вчера напрајв голема глупост дома па да се одборчам ме остаја в кујна (ова не му е паметна идеја зошто тогаш почесто ќе прам глупости за почесто да сум во кујна): Посни ѓевречиња со маслинка и мнооогу сусам. Си се надевав ќе ми останат барем две за денес да јадам на пракса ама изгледа ќе треба вечер дупла доза да прам.