Ти вака ќе се храниш здраво? Се надевам не било за тебе. Еве ти инспирација. https://www.pinterest.com/explore/high-protein-foods/ Сори за оф топик, ама на девојчево му треба опомена.
Ко не ја искараше ти ќе ја искарав јас, со таа здравствена состојба прженици, ајвар и џанк фуд треба да заборави.
@LivingGlam @AngelOfArh дајте некој рецепт нешто по едноставно За доручек јадам тврдо варено јајце и чаша јогурт а вака во текот на денот незнам што да зготвам Знам дека туната е богата со протеин ама незнам дали може од конзерва со лимон и малку сол ете пример тоа.
Пилешкото не го пржи, само динстај го. Јас го правам вака- на грил тава или обична со малку маслиново го пропржвам скроз малку да зарумени, после го ставам во тенџере, додавам зачини по желба, морковче, сос домашен и го оставам да крчка. Можеш како прилог да направиш варен зеленчук со варен компир.
Пилешкото ( биле прсти или поголеми парчиња) ќе го ставиш во маренада ( ваљда вака беше зборот) од малку млака вода, малку млеко, сенф, лимон, зачинал, и остави го така месото минимум 3-4 часа. После извалкај го во пченкарно брашно и стави го на хартија за печење во рерна да се испече. Или во пченкарно со сусам ко прсти, и печеш на хартија без капка зејтин. Ние вака печеме и ќофтиња ( мешано мелено, магдонос, леб, кромид и по вкус зачини- нане, зачинал, бибер, сол), си оформуваш ќофтиња со намастени раце и на хартија во рерна. Печен компир исто вака, печени тиквички, модар патлиџан, плескавици од тиквици, буквално се печеме на хартија без масло. А со туна ќе ти напишам салатка ( цедиш туна, ја ситниш на ситно, рендаш или сецкаш свежо благо јаболко, и додаваш намаз како мајонез ( има домашен да си направиш поздрав), 2-3 лажици додаваш, сол и бибер и тоа е.
Роденденска торта бајадера И денешниот ручек, нешто како турли тава: компир, морков, тиквичка, кромид, бабура, печурки, домат, магдонос. Плус сол, бибер, црвен пипер и маслиново масло.