Во 1л млеко се става 400гр шеќер додека се растопи. Посебно се матат 4кесички желатин со 20лажици ладна вода и се ставаат во топлото млеко, се меша и се чека да се олади. Потоа се става во фрижидер и повремено се меша. Околу 10мин. (смесата изгледа како пача, буквално) Во оладената смеса се ставаат 500гр шлаг во прав и се мати додека не се згусне. Се сецкаат 20 крем банани ситно и се додаваат во смесата. Јас купив готов пандишпан од винчини и го исеков во форма на срце. Ред пандишпан ред смеса, уште еден пандишпан и пак смеса. Растопив чоколадо и ја прелив тортата и од горе ставив многу мрвици и тадааам. уште да отстои некое време во фрижидер и спремна е за јадење. И да не заборавам да напоменам, ја правев пола доза. Значи пола од ова горе. Многу е лесна и брза, и смесата испаѓа како манчмало.
Гравче,кисел модар патлиџан и тост од Босанско лепче. Едит:Само тостот ја го направив,останатато мајка ми
Домашен леб со лук. Го изедовме за три минути со чорба леќа и шопска салата. Станувам мајстор за леб <3