Награда за 30-минутното вежбање на орбитрек Овошна салата (јаболка, мандарина, банана, грозје, калинка) со лешници, ореви и парчиња чоколадо, прелиеана со стопен мед и кокосово масло. Здраво, а превкусно!
@Bridget сега само што зборев со мајка ми за вечера да направи ваков компир и и објаснувам како да го направи оти секогаш го утнува, гледам слика твоја овде и и викам уклучи фемина и види, вика што е тоа па сега
Свaрен кoмпир, нaсецкaн, стaвaш сoл, вегетa, бибер, мaлку пипер, сусaм...мешaш, пa нa зејтин дa се зaпржaт мaлку.
Селско тавче со печурки. Баба ми ми кажуваше дека секогаш во сабота пред Митровден колеле прасе како обичај префкусно нешто. И десерт печени тикви
Додека декорирам во чинија, се стемни... Кромид, пиперка, морков, брокула и мевце. Едноставно, а мнооогу убаво. Пропржени на минимално масло, само со хималајска сол и црн бибер. Месото ми беше претходно половично зготвено, сега само го доправив со зеленчуците. Ми фали соја сос со вакви јадења, евентуално оривче. А да, планот ми беше да ставам и свежи печурки, ама не успеав да најдам.