Пред некој ден се заинаетив и решив да правам домашни лазањи. Некако оние купените почнаа да ми мирисаат на брашно, па затоа малку промена. Па да ве мотивирам малку. Немате поим колку им е поразличен вкусот и пред се поубав. Рецептот е многу едноставен, на 500 гр. брашно се ставаат 5 јајца. Кај мене, бидејќи брашното беше меко, а не тврдо, доволни ми беа 4 јајца. Се меси многу тврдо тесто и потоа се поминува низ машина. Просто, а многу вкусно . И еве го исходот. Со Болоњезе сос... Не изгледаат баш најсовршени, но кај нас така ги сакаат по дома. Да не биле високи и наредени на многу слоеви, туку пониски ...
@Serafima Ако сакаш можеш да ме посвоиш Имаш ненормално голем талент за готвење,креативност на ниво. Oн топик,бомбици со банани.