Колачиња со кокосово млеко,суво овошје, јаткасти плодови(ореви,бадеми и лешници) и мед.И чај од нане и ѓумбир
Во еден сад ставаш една рака интегрално брашно,една средна чаша овсени снегулки,исто толку и хељдини снегулки,едно јајце,една лажица зејтин,една до две лажици мед или агава нектар(го има во дм),а можеш и двете заедно ,еден мал филџан кокосово млеко(а кој нема во моментот може и мал филџан јогурт) и една лажица кокосово брашно.Малку пециво.И по желба ставаш какво суво овошје сакаш(јас ставив суво грозје а понекогаш и сува брусница) и ситно сецкани ореви,бадеми и лешници. Све тоа се меша убаво и ги обликуваш по желба,јас обично округло и сплескани.И додека ги обликуваш им ставаш сусам одозгора. И после ги редиш во тепсија и ги оставаш да се испечат едно 10-15 мин. на 200 степени. Мн брзо се прават,а преубави се,поготово во комбинација со чај
Па шо не се вика тогаш Фемина инстафуд? Вака посебна тема треба да има за инстаграм ко така... Јас длабоко се извинувам шо ви го нарушив редот.
Цвеќиња, лебеди и Охрид секако не спаѓаат во храна и пијалоци. Нема потреба од друга тема посебно Инстаграм, доволна е онаа вашите лични фотографии, ете овие слики смести ги таму. Името не е инстафуд од причина што тоа што темава е сместена во категорија храна доволно зборува која и е намената и што треба да се постира. Инаку сакав да прашам што е тоа на првата слика, пудинг?
Ако можеше да се редактира ќе ги преместев. Не ни приметив во која категорија била темата, мислев дека е општа. Е нека седат сега и лебедите ( да бевме во Кина,поинаку ќе мислеа за нив ) а и цвеќињата се во кујна сликани . Првото иначе не е пудинг, чудна мешавина е, ред јогурт, ред овесни снегулки што не се познаваат и ред слатко од малинки, и иако изгледа како чуден спој убаво беше, нешто како овошен јогурт
Еве и јас да ставам една слика Требаше да бидат шпагети со бел сос ама бидејки немав мораше со макарони во секој случај баш убаво си се најадов