Посни се.. Пола литар вода 2 филџани масло 1 лајца сол 4 лајци шеќер 2 лајци киселина 1 квасец 400 гр сусам Брашно по потреба Се замесува средно тесто и се кисни, се сечи. Настрана се горат 4 ланци шеќер и 2 филџани вода секое геврече се прпела во шеќерот па во сусам од двете страни, се печи.
На бабичка му е 81ви роденден сабота и денес му ја направив тортава. Многу е лесна, непечена е и овошна... Си купив конечно калап за торта од оние што се отвараат кога ќе се здрви или испече тортата. И мислам дека сега многу често ќе си јадам торти.
Потпечени лепчиња(од тој на Жито Лукс-Медитерано со маслиново масло и маслинки) со јајца измешани со јогурт и одозгора изрендано биено сирење. Нормално сервирани во кревет пред телевизор.
Потпечени макарони со сирење и шунка Шопска Поховано мезе за седенка со друштво (пилешки прсти,сирење,брокула,тиквици) Еве и заедничка слика
Спојлер: Американски палачинки рецепт: 2 јајца пола лажиза сол 2 лажици шеќер 4 лажици зејтин 1 пециво 1 ванила 250мл млеко 200гр брашно Се ставаат сите состојки, се матат со миксер и ако сакаш повеќе да ти испадна палачинки додаваш млеко колку сакаш и потоа брашно колку да биде густа смесата. Како што ја премачкуваш тавата со зејтинче, така ќе ја премачкуваш и за секоја наредна палачинка (јас користев малечко тавче баш за вакви палачинки)