Овесната каша по рецептот на сестра ми ,со све и свашта внатре (суво грозје,лешници,индиски орев...) и со калинка и ананас.
Овошна салата со шлаг и чоколаден прелив (подготвено за татко ми) Овошна салата + сладолед + слатко од грозје Полнети компири Квалитетот на сликите е лош затоа што се сликани од стариот мобилен-и оваа морав да ви го кажам
@zalosna @cresa-jagoda Еве ви рецептче Компирите ќе ги издлабете и ќе ги ставете малку да се потпечат но сосема малку За полнењето потребно е: кромид,свински врат,чадена сланина,печурки може свежи а може и од оние во тегла и 200мл павлака за готвење. Кромидот го припржувате убаво, поубаво е да биде во поголема количина но со малку зејтин,па ги додавате сланината и вратот заедно + печурките и тие убаво да се пропржат и на крај ја додава павлаката.Зачинувате по вкус со сол,вегета,црн бибер,оригано ... Го полните компирот и го ставате да се печат едно 20-30 минути па одозгора се ренда кашкавал и се пече пак додека кашкавалот не добие убава златна боја Премногу се калорични ама вреди да се пробаат .Па ако ги направите сликнете да видиме што сте направиле
Денешниот ручек, пржена зелка и солени свински ребренца и секако најубавиот десерт, бомбици со јаболка и ореви
Рижото со печурки и моркови И мојот очигледно омилен доручек - Омлет на 1001 начин Овој пат со ленено семе и козјо сирење. Нормално и никаде без салата