види бе сега белјааа што ми правиш ма колку е убавооо кај да најдам сега волку доцна краставица ц ц ц ама сама сум си крива што мајка барам да ја отварам темава
Јас не јадам баш месо но незначи и другите дома да не јадат макарони и за десерт баклава која јас ја правев да се пофалам
Ајде рецептче ( се извинувам за задоцнувањето ). Спојлер Кроасани Потребно: 1.5 кг. меко брашно, 5 мали лаж. сол, 2 м. лаж. шеќер, 1 м. лаж. прашок за пециво, 6 жолчки, 125 гр. (1/2 маргарин) стопен маргарин, 1/2 филџан масло, 2 коцки свеж квасец (+ малку обична вода колку да се растоппат), 250гр. павлака, минерална газирана вода (доколку е потребно за замесување, во зависност од брашното колку прима вода), ќе ви треба. Додадтно: Брашно (4 лажици) и 250гр. маргарин + 1/2 (преостанатиот од тој што се стави во замесувањето на тестото) и по желба, полнење (сирење, изварка...) Тестото се замесува, ама многу да биде меко и убаво и глатко изработено. Потоа се остава да нарасне и откако нарасне (без да се меси повторно) се дели на 4 парчиња. Секое парче ( значи без повторно месење, онакво какво што си е нарасното и со шуплини) се развлекува со оклагија и се премачкува со коцка маргарин (целиот маргарин се дели на 4 делови и секое едно парче маргарин прво се замесува со 1 лаж. брашно, па потоа се нанесува на развлеченото тесто) и се расекува на парчиња, па едно врз друго се ставаат (постапка за лиснато тесто). Така приготвеното тесто не се става во фрижидер, туку на обична собна температура, додека да се направат преостанатите 3 парчиња. Потоа секое парче повторно се расукува со оклагија и се оформуваат кроасаните. Се оставаат на собна температура да нараснат, се премачкуваат со белка и се печат (околу 15 минути на 200 степени) . *** По правило треба да бидат кроасани, ама излегоа кифлички . Бидејќи никогаш не ми излегувале како што сум сакала, па затоа се’ претрпи големи измени. Започнувајќи од рецептот, па се до начинот на подготовка. За кроасаните, тестото се става во фрижидер, но јас не го ставам, бидејќи сакав поголем волумен. Истото важи и пред печењето, кај класичното приготввање на кроасаните тие не се оставаат да нарасат. За да не ве буни нешто, затоа и ви кажувам .