Нешто од неодамна (нека ми извинат тие што започнуваат да постат). Мојата мака. Конечно се предаде. Најтешкото нешто ми беше правењето на шампита. И безброј рецепти и безброј неуспеши обиди, што на крај се откажав. И по толку години започнав повторно да се обидувам. Минатата беше полу успешна и затоа не беше фотографирана, ама оваа излезе за нијанса подобра, па заслужи некоја фотка. Не ми многу фотогенична, ама ќе пројде. Додуша и не ми замерувајте за сечењето, за тоа не ме бидува. Некако секогаш накриво ми бега ножот . Мојата вечна мака, шампитата .
@Serafima посвои ме. Mала шала, ама оние од емисијата Храна и Вино, и од 24 Kitchen можат вода да ти носат.
На гости кај тетками топлото нее толку големо таков беше калапот па затоа две но битно превкусно беше па реков да споделам со феминките мои
Благодарам мила за комплиментите . Не ги заслужувам до толку, но сепак ти благодарам. Но да стигнам до оние од 24 кitchen треба многу. Тие веќе се професионалци.
@Serafima, сподели ја тајната за шампитата. Не ми успева да стои, никако не можам да ја погодам. А мм ги обожава, сакам да направам. Целувките ги знам и во сон, ама шампитава, не и не. Има некоја финта? Се извинувам за офтопик, ветувам ќе ставам и јас фотки, имам еден куп дома. Само да ве предупредам, потпишувајте ги сликите, особено тие што ставате и рецепти. Од форумов се крадени мои слики и рецепти и ги поставувале на моирецепти.мк како свои. Реагирав кога видов, сега тие слики и рецепти се на мое име
За ова што го кажа со рецетите и сликите потполно се согласувам. И јас си најдов таму и мои сликички и рецепти . Тајната за шампитата е во постојаното биење на белките минимално 30 минути, а максимално 45 минути (да си кажам дека ми падна ракава), а рај е за оние што имаат фиксен миксер. Притоа многу важна улога има шеќерот. Не знам како го ставаш, ама јас прво го варам целиот шеќер со малку вода и потоа полека, по многу малку го додавам во веќе избиените белки (настрана ќе си го оставиш шербетот да врие и постојано да си има константна температура додека го додаваш во текот на биењето). Целата смеса од белки треба да се направи двојно поголема. На крај се додава 1 лаж. лимонов сок или киселина, а таа се додава за свиленкаст изглед на белките, но воедно и малку го зацврстува шампот. Ај сега ти мила кажи ми ги целувките, бидејќи никогаш не сум ни се обидела да ги направам .
Ти благодарам од срце. Ќе пробам да ги направам, немам статичен миксер, ама од љубов ќе му ги направам на мм ( и јас ќе си апнам малкуцка) А за целувките (од мои рецепти ги научив) - на една белка одат 70 г шеќер. Ќе ставиш белки колку сакаш, додаваш малку сол, мааалку сок од лимон и почнуваш со матење. За секоја белка ќе си измериш по 70 г шеќер и ќе го додаваш постепено во текот на матењето. Смесата е готова кога ќе биде растопен целиот шеќер, значи и тука има бајаги матење. БИдејќи имам рачен миксер не го ставам шеќерот од почеток, а кај статичен може сите состојки да се стават и да се пушти на матење, па врши си работи по дома Рерна со вентилатор е супер за целувки, се уклучува на 100 степени. Ги формираш целувките по желба и ги забораваш еден час во рерната. Да се сушат, не да се печат. Е сега, малку повеќе се благички, ама па нема да добиеш убав снег ако не ставиш малку повеќе шеќер. А битното е белките да се изматени убаво и цврсто, прст кога поминува да остави трага во шлагот.