Рецепт за посните крофни . Спојлер Посни крофни (без шуплини) Потребно: 1,5 кг меко брашно, на врв на лажица сол, 3 пак. ванила шеќер, 1 чаша (од 200 мл) шеќер, 1 лаж (мала) сода бикарбона, 2 пак. свеж квасец, 100 мл. масло, топла вода за замесување. Подготовка: Тестото се замесува многу на меко и добро се изработува. Тајната за да не се создаваат шуплини е во додавањето на маслото, односно 1/3 се става на самиот почеток кога се замесува целото тесто, а потоа во текот на месењето се додава уште на двапати и преостанатото масло. Кога се замеси се остава да нарасне. Откако нарасне се дели на 2-3 парчиња, се расукува кора со дебелина од 1, 5 цм и со помош на чаша или калап за крофни се вадат парчиња. Потоа малку се оставаат да нараснат (5 -10 минутки) и се пржат во врело масло. И да не одам офтопик со рецептот, нешто од архивата од минатата година. Еден детал на декорација за престојните празници. Ништо посебно, салата од зелка, морков и цвекло, малку декорирана .