Соја шницли со сенф и сусам (откако ја видов сликата на @Serafima сон не ме фати додека не ги направив, а одамна немав зготвено), со павлака и салата од спанаќ и кромид.
Повели Најдов рецепт! @@Teodora* читај: 8 јајца 12 лажици шеќер се матат убаво да се стопи шеќерот, се додаваат 12 лажици брашно. Се пече на 200-220 степени 20-30 минути (плех не знам колкав е, ама според смесата ќе видиш). Оладен и сечен се попарува мешавина од литар млеко, пола литар хопла и пола литар кондензирано млеко. Меѓутоа, тие што го правеле повеќе пати, велат дека е доволно да има вкупно 1600мл течност, два литра биле многу. Така што ти ќе си ставиш литар млеко, 250мл хопла и околу 350мл кондензирано млеко (има во лименки во Веро знам сигурно, за други маркети не знам). И одозгора карамел (и тоа имаш готово, ако сакаш рецепт, на мои рецепти се супер и проверени).