Бурито/тако како сакате така викајте го. Во него има сос направен од павлака, мајонез и кари зачин, потоа мелено месо пржено со кромид и домашен кечап, сол, оригано и црвен пипер (може и печурки), сечкан домат и марула. По избор може да си ставите што сакате, јас ако имам дома ставам и кашкавал. Со оглед на тоа дека купечките тортиљи ми се како гума, овие се домашни. Малку пециво, квасец брашно и вода, треба да стасаат 30 минути, таман додека ги пржите месото, се печат на тава за палачинки без зејтин, кога ќе бидат готови се ставаат во крпа и кесе, да омекнат, и се мотаат додека се топли за да не се скршат. Ама и да се скршат не е битно, се јадат. Мерки немам, се прави се од око.
Пица бурек како за прв пат добро е И мафини од готови кори Се меша едно јајце,павлака и урда,корите се валкаат во таа смеса и одозгора се поросуваат со сусам.