Погача која беше мое дело, и овојпат јадење на мајка ми, рецепт кој го научила од баба ми и со задоволство и сега го прави, пиперки полнети со фил од изварка и јајца, во каша
Гравче, пржени печурки со зачини, полнети печурки со растителна павлака и растителен кашкавал печени и медитеранско лебче ( јас така си го викам) со кечап, оригано, маслиново масло, зачини и маслинки.
Жалосна мила ти се восхитувам што имаш се’ на дофат. Ние овде во нашава кутра Македонија ни чоколадо во боја имаме, ни квалитетни бои, ни такви малечки шеќерни или од фондант готови нешта (како срцињата...). Апсолутно ништо. Па така ќе се снајдуваме да правиме и да импровизираме по нешто. Сиромаштија ! Да не одам офтопик... Јас последно време му се фрлив на фондантот. Овие се лампионите од минатиот Божик, но далеку подруго би кажале кога се за нијанса подотерани со малку боја на чоколадо или слични некои мали нешта за украсување. Моите мали сиромашни лампиончиња ...
Ние сме ептен јадачка фамилија И да напоменам, не се договаравме со Серафима за зелников мојов е со спанаќ
Серафимо моме,секоја чест за способностите твои во кујна...ти симнувам капа..... А сега ,давај преписот -од прво до последно-за лампионите....абе лаптопот поплава го направив-се лигавам пред него.....