Бидејќи Ловми не ми одговори ни во темата, ни во лична порака, искажувам отворено сомневање дека овие пастрмајлии не се правени од неа, ниту од мајка и'. (Е сега не знам дали ги сликала или пак и сликите и се позајмени од некаде). Доколку грешам, нека ме демантира, ама не верувам. А баш се израдував кога ги видов, таман имам одделено месо за пастрмајлии, планирам да правам деновиве а никогаш не ми испаѓа вака тестото па мислев дека сега ќе дознаам што е тајната да е такво меко и убаво. (Иако штипјани велат дека нема никаква тајна, освен дека ги печат на појака температура што не може да се постигне во домашни услови.) Инаку пофалби до сите што ставате слики, и јас сакам да ви се придружам, ама апаратот не е кај мене периодов, а со телефон не може ништо да се долови како што треба. Жалосна, колку сакам да пробам од урмашиците, ептен ми се допаѓа тој десерт. Некаде ги викаат и ежиња или ежовки, дека имаат боцки поради тоа што се поминуваат на ренде. Продолжете да ставате слики, сите сте вешти жени. И мора да признаете дека се' е послатко кога знаеш дека ти си го спремил, а задоволството е големо кога гледаш дека твојата храна ги израдувала тие што ти се драги и дека уживаат во неа. Домот во кој се готви, е вистински дом.
Ja отворив темава и ме опна инфаркт од јадењава на Жалосна и Серафима. Да ви ја имам хранава пред мене во моментов би збутала од се во уста па макар после тоа ми пукнал стомаков како балон. @zalosna @Serafima жени,вие не правите храна...Вие правите УМЕТНОСТ. Блазе си им на домашните што ви се в куќа.
Спојлер: Рецепт За тесто 125г омекнат путер оловина шолја мед по избор (шолјата е од 250мл) 3 јајца две лажичиња прашок за пециво ќесичка ванилин шеќер шолја брашно Полнење 3-4 помали јаболка лимонов сок За прелив -по потреба мед Јаболката се лупат, се сечат на половинки и се чистат од семките. Потоа се сечат на парчиња во должина, без да се засекува до крај. Се полеваат со сокот од лимон и малку шеќер (не мора) и се подготвува тестото. Путерот и ванилиниот шеќер се матат со миксер да се добие пенеста структура. Се додава медот (може и помалку од половина шолја, зависи колку е благ) и се мати. Потоа се додаваат жолчките од јајцата (постојано се мати), па солта и прашокот за пециво. Откако убаво ќе се измеша се додава и брашното во два дела, да се добие убава хомогена смеса. Сето ова се прави со миксер. Во посебен сад се матат белките од јајцата да се добие цврст снег. Дел по дел се додава во садот со тестото, и се меша со шпатула да се изедначи смесата. Калап за торта со обрач се обложува со хартија за печење. Смесата се истура на хартијата и убаво се размачкува. Половинките од јаболка се распоредуваат одозгора без да се притискаат во смесата и се попрскуваат со цимет. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути. Кога е готов, уште топол се премачкува одозгора со мед. Колку повеќе стои, толку е повкусен.
Немам рецепт за тестото, ама ќе се обидам малку да ти помогнам. Го мачкаш тестото со сало? Кај нас знам дека ги мачкаат за да биде ем меко, ем крцкаво.
@koritsaki имаш 25 год.? @Serafima, @zalosna или @Annath договрајате се која ќе ме посвои прекрасни јадења правите