Ако нешто те интересира прашаја членката што го постирала или преку лп или означија во Рецепти. Не е ништо претерано комплицирано. Темата е ок, нема потреба од рецепти овде. Не сите се заинтерсирани за се што се постира овде.
Здраво, Во оваа тема немало и нема да има рецепти. Цитирај ја сликата од оваа тема во темата за рецепти од фемина инстаграм и најверојатно ќе добиеш одговор. Доколку ставиме правило секој да постира рецепт со сликите, никој нема да постира затоа што темава е за релаксација а не за обврска.
А што викате за тоа ако некој праша за рецепт во темава, тука и да биде ставен? Инаку, треба да имаш отворено два таба и паралелно да скролаш да споредуваш постови кој од која е. Рецептите во другата тема многу пати не се јасни за што се однесуваат, затоа што не цитираат сите членки. Тоа иде вака: *тагнува некоја членка* и во продожение пишува "ај срцка од тоа благцето најубаво стави рецепт". И ти после чуди се на кое мислела и барај низ цела тема пост од таа членка, а таа членка па ко за беља ставила слики од 3 благи во различни временски интервали. Нека не биде задолжително под секој пост да има рецепт, ама кога веќе некој ќе побара, нека биде тука. Сепак вие одлучете
Има одлична тема што супер функционира скоро од 3 ипол години. https://forum.femina.mk/threads/Рецепти-од-Фемина-Инстаграм.23163/ Отворена почеток на 2015год. Се цитира сликата од тука и се бара рецепт. Тие што поинаку го прават тоа, си го прават малку погрешно но сепак на свој начин. И сите супер се разбираат. Темава е Инстаграм за јадења. Знаеме сите што е инстаграм и тоа е тоа.. Другата е за рецепти. И како одделни супер си функционираат. Нема потреба тука да се скролаат цели страни со рецепти, а другата тема да замре.
Доколку сакате во другата тема за рецепти, ќе ставиме да биде задолжително покрај рецептот и сликата да биде ставена. Веројатно ќе Ви биде полесно така.И може да се применува уште од денес.