Може не ме бива за декорација многу многу, али превкусни беа.Баш крцкави какви што сакав да испаднат.
Новогодишни пишии од интегрално брашно Првпат правам пишии, испаднаа преубаво. Убави се на вкус ама богами и на око
Посни славски сармички . Вака кај нас се прават. Денот пред славата е секогаш резервиран за срмичките. Најчесто правиме 3-4 редови и ги виткаме 3-4 часа. За потоа за 5 минути да се изедат . Ситно, ситно... Ја постирам сликава само да видите колкави се во реална големина, во однос на самата вилушка. И се разбира благото. Постирано по којзнае кој пат. Станаа хит .
дури сега заприметив девојки погрешна слика сум ставила пошо од моб бев уклучена Спојлер сликиве се мои , не се крадени како што некои членки кажуваат не добивам ништо ако ставам лажни слики ... доколку сакате рецерт од пастрмајлијата пишувајтеми во порака ќе ви вратам најбрзо што можам
Ne samo sto kliknav, mi se dopaga, moram i da iskomentiram. Prekrasno, site kako bliznacinja se, bravo za toj sto gi vitkase.
Еве јас ти побарав рецепт во лп, ама место него добив една голема порака полна со дрскости и навреди на кои немам намера да ти одговарам. Како и да е, јас денеска ги направив пастрмајлиите, превкусни беа, преживеав и без “твојот“ рецепт.
Конечно да се вратам со нови слики Мојата прекрасна роденденска торта и нешто плус Костен-кокос бомбици Веган тако Овесни бисквити Мојата прва роденденска торта
Не можам да редактирам а тукушто се испече Пријателски колач, Божиќен колач, Колач на среќа, кој како милува Повелете кој е за маја за колачов
Мене најубаво тесто за пица, а верувам ќе биде добро и за пастрмајлија, ми прави машинката за леб. Тестото е многу еластично, останува меко и не нараснува како леб при печење. Незнам дали ќе.има ист ефект без машинката бидејќи таа сама си меси, си стасува и сл, ама ако сакаш ќе ти го пишам
Дел од трпезата за Св. Никола, среќна нека е славата и вечно името на сите кои слават, со задоцнување. Се е мое дело, ве молам занемарете го недостатокот на запршка на сармите, ја направив многу густа и не ми се разлеа убаво на сите. Бујрум.