Teoдорче, супер излегле ... а за димензии, ние луѓето, совршена творевина што сме, па не сме идеално симетрични, ќе му се секираме за плекот со кифлички.
Ај чувај ми едно парче од погачата. Многу примамливо изгледа. Не биди скромна дека не те бива. Ова е одлично
Спојлер Рецептот настана спонтано. Замешај едно, па друго и така се по ред. Не е нешто којзнае што, ама за посно е навистина преубаво. Има многу карактеристичен вкус и дури и не се разликува од мрсно. Се надевам дека ќе ви се допадне . Сеуште име немаат . Пандишпан: 100 гр. брашно, 5 лаж. презла, 7 лаж. шеќер, 1 кес. пудинг од ванила, 1 лаж. мармалад, 1 м, лаж. сода, 1 м. лаж. пециво, 50 гр. рендано чоколадо, 1 лаж. какао, 350 мл. газирана минерална вода, 2 лаж. масло. Црн фил: 150 гр. шеќер, 100 гр. густин, 500 мл. вода, 100 гр. чоколадо, 1/2 маргарин. Бел фил: Исто како црниот само се прави замена на чоколадото со 3 кес. ванила шеќер. Подготовка: Сите состојки за пандишпанот се мешаат со лажица и потоа се ставаат или во мали калапчиња или пак во плех. Се пече 20 минути на 180 степени. Ако се пече во плех потоа може со помош на чаша да се извадат кружни форми. За филовите. Настрана се остава малку од водата за да се раствори густинот, а преостаната вода заедно со шеќерот се оставаат да зовријат. Потоа се додава густинот и се вари да се згусне (пудинг). Откако е готово се трга на страна и се додава чоколадото, па убаво се меша да се растопи целото. Додека за белиот фил истиот начин на подготовка само се става ванила шеќерот. Откако изладат се бијат со маргаринот и се филуваат тортичките. *** Да се надоврзам на рецептот, знам дека некој порано ми го има побарано. Возможно е да пронајде за некои нешта мали измени, па да не си рече нешто друго во себе. Сакам да појаснам, дека секогаш правам во однос на тоа што ќе побараат дома, некоја посилна или послаба верзија. Затоа е возможно да има мали измени во шеќерот, маргаринот или некоја друга состојка. Посна салата со тестенини и туна . Спојлер И за салатата нема некој посебен рецепт, се’ што ми дојде на памет , но од прилика го има ова во составот: Една кесичка тестенини (топчиња или позната како тарана), потоа една конзерва туна, 3-4 стебленца млад кромид, околу 150-200 гр. маринирани шампињони, 3 рендани кисели краставички, една мала конзерва грашок, 3 лаж. посен мајонез ( а можете и повеќе по вкус) колку да се поврзе се тоа, сол по вкус.
@Serafima mila mora da te prasham , dali si vrabotena vo kujna ? A ako ne si , si ja zgresila profesijata ... Sekoja cest
Колачот се вика'' Зебра'', ама јас нешто утнав, па откако се испече морав црнечки колач да го крстам Пред Потоа
Наместо да решавам физика, се нафлив на кифличките. И онака физика појма си немам, вака барем од корист и бев на мама.
Онака, викендашки (требаше друго да правам, ама ова испадна) Штрудла со јаболка Мафини со моцарела и маслинки
Вечера во 3 по полноќ, за да ми даде енергија за учење де... Потпечени лепчиња со маслинки, кашкавал, кремсир, марула и многу оригано.
ЗЕЛНИК еј не ке се зафркавме.... сум сукала 9 кори по рецептот на баба ми а овај зелник ми е од предходната недела АМА ПЧЕНКАРЕН ... а да... и пастрмкиве со зеленчук печени од петокот да ви го покажам
Ne e ubavo na izgled no na vkus e preubavo ! Da gi usovrsham ke bidat poubavi .. go slikav i testoto, zatoa sto meseni se kako da gi narecam - lepcinja
Убаво ти излегла, слична на мојата од погоре Да не има сирење или нешто слично? Ми се гледа нешто, ама не догледувам
Благодарам мила @bokace за комплиментите, ама додека стигнам таму на тоа ниво, треба уште многу . Не сум никаде вработена, посебно не во кујна. Освен со домашната кујна немаm никаде допирна точка со друга кујна. Готвам од срце и тоа ме исполнува. Па затоа не сакам да ги го уништам она што ме исполнува. Бидејќи ако би работела во кујна, сигурна сум дека тоа исконското кое ме поттикнува сега, ќе исчезне. Дома е подобро . **** Нема ништо подобро кога наутро си го започнуваш убавиот сончев ден со топло лепче. Да не си речете дека готвам НЕздрава храна, па да ве побијам . Домашно интегрално лепче со семки од сончоглед ( нее месено во машина за леб)...