Посен намаз без масло . Спојлер Потребно: 3 компири (средна големина), 1 морков, 1 парче праз, 2 раце сува соја трошки, 100гр. мелени ореви, 2 лаж. сенф, 100мл. соја сос, црн пипер, сол, малку босилек, малку кари. Подготовка: Компирите се лупат и се сецкаат на коцкички, морковот исто се чисти и се сецка на парчиња, а исто и празот. Се ставаат во тенџере да се варат. Кога се варени се процедуваат од водата и во истата вода (додека е врела) се става сојата. Кога ќе излади сојата се цеди (стега со рацете), за да нема многу вода. Кога ќе излади се’ (компирите, морковите, празот) и сите други наведени состојки се стваат во блендер за убаво да се измиксираат. Можете од наведените состојки нешто да промените во зависност од вкусот.
Не ми испаднаа толку профи како на поставената рецепта, не се ни толку вкусни, како да ви кажам не се исплатат за трудот . Знаев ама морав да ги направам, рецептата е на крај. http://sezahrana.tumblr.com/post/68561770946/praznicni-kolacinja
лелле да знаеш како ми се пријаде нешто благо никогаш нема веке на темава да отворам вака доцна хахах
оф бе како најдов сега да прикачувам.А да знаеш колку беш еова убаво се гледа одстрана како е размачкано и едвај сликав се испотепаа моиве кој прв да земе.
е и јас таму да сум била се ке испотепав само јас да земам шо повеке парчиња хахах инаку се гледа дека ед вкусно ах што ми направи тука да се лигавам како мало дете ххахах
хаха фала Богу и на толку што успеав да грабнам да видете тестото е лесно филот лесен и овие изгубија контрола колку јадат не чекаа да сервирам
секако само ти посакај, ке ти кажам ова моево од колку беше па ако ти е малку или многу ке видиш можеш да намалиш или додадеш. Спојлер 6 јајца 12 лажици шеќер 1 прашок за печиво брашно по потреба Јајцата се делат жолчките од белките и се матат оддвоено со по 6 лажици шеќер. Потоа се промешуваат се додава печивото и брашно по потреба знаеш за пандишпан. Се става во тепсија обложена со хартија и да не го печеш многу да остане еластично за да може да се витка ке си видиш да е убаво пешено од сите страни. А за тепсијата пак ке видиш прилично да не биде многу дебелко. Фил 1 пудинг од ванила 1 хопла(малечка мислам 200 мл е) 3 лажици шеќер 2 чаши млеко Пудингот да зоврие и се трга настрана да се излади.Одкако ке се излади се мати хоплата и се промешува со пудингот (е сега мене малку лабаво ми дојде нез зашто а друг пат добро е тврдо и јас му додадов малку плазма млевена да се зацврсти) се премачкува целата кора и се формира ролад,нема потреба од ладилник. 1 чоколада се топи ако сакаш на пареа или со малку млеко сеедно јас и двата начини ги користам и одлично е секако и премачкаја со четка одозгора. Се сече на кришки па кој ке стигне ке проба кој не како мене што сака да слика ке си јаде само малку хихи. Се надевам јасна сум ако нешто не ти е јасно јас тука сум само прашај. (на крај напијтесе топло и вкусно македонско црно кафе...наздравие храна и вино)[/SPILERO]
При средување на сликичките, случајно се појави и оваа. Баш како порачана. Еден снешко, ама не од оваа година .