Мојот прв обид за новогодишни колачиња Елки, снешковци и по некој лампион Елките сакав со шарени трошки да ги украсам, на снешковците сакав барем очи да им ставам, а лампионите си се приказна сама за себе... Ама го употребив само она што го имав дома, за следниот пат ќе бидам поспремна. Чисто сакав да пробам како ќе ми испаднат, бидејќи досега немам правено вакви. Искрено и никогаш не ми делувале нешто многу вкусни, повеќе за личотија се. Единствено нешто слично на ова што го имам правено, се оние колачи што се лепат со мармалад, па половина колаче се потопува во чоколадо и се наросува кокос. Овие ептен прости ми делуваа, ама татко ми купил нови калапи, па денес ги испробав. Обични чајни колачиња се, ама деца ептен се радуваат на нив
Синоќа малку се глупирав, повелете Денес ако не заспијам рано ќе правам еленчиња за санките (откако сликав видов дека устата на дедово не сум ја направила, па ја преправав..не дека без уста немаше да се изеде... ама заборавив да сликам )
Прво запржив кромид во маслиново масло,потоа оризот, сварив грашок и моркови, па ги ставив заедно во тава да се печат со кари, вегета и сенф.
@Serafima како можеш поради еден коментар да си го тргнеш името од сликите што ги ставаш? Јас тоа го сфаќам како заштита од нивна злоупотреба, на никаков друг начин. Еве @Annath веќе кажа дека биле присвоени нејзини слики, и јас сама бев сведок на таа дискусија што се одвиваше на Моирецепти, замисли додека да се разјасни работата Ана беше обвинета дека става туѓи слики и мораше за своето да се објаснува. Ова важи за сите, ако не си ги потпишувате сликите голема е веројатноста дека ќе ги видите на некој портал, или дека некој ќе си ги присвои како негово дело.
@Serafima, потпишувај ги сликите, задолжително, убаво ти кажа Сесилија. Моите се ништо во споредба со твоите, па пак ги „позајмија“. Ич немаат срам луѓето, верувај. Нека не те тангира тоа што некому му пречи потписот, твое право е, така се штитиш. И за другите исто важи.