Денешната доза. Мислам дека владана треба да ме земе у некоја од рекламине за здрава храна па може ке се прославам ке станам македонскиот Џејми Оливер за смутиња.
Па да се хранеше само ти здраво и да правеше ти само вака од сите луѓе сигурно ќе те земеа Но да признаам не се многу тие што консумираат здрава храна целосно но сепак ги има
И јас сакав тоа да ти го кажам хаха, па нее лошо види колку убави здрави сокчиња правиш инаку еве нешто од мене чорба со кршени ппагети правена од водата во претходно варени копанчиња и тиква
Е ова е зелникот на баба ми, највкусниот Стек со сос од печурки И чоколадна баклава со лешници, како за прв пат е супер, а и добив пофалби дека сум ја погодила, многу вкусна
Солени мафини со урда, салама, во некои ставив сусам, во другите и маслинки додадов. На изглед не ги погодив баш, не ми е денот.
Потајно инспирирана од @SuperGirl24 решив да го ставам во блендер секое овошје што ми беше при рака. Се мислев дали да ставам и цимет и мед, ама за друг пат ги оставив. 2 киви, 1 јаболко 1 банана 1 мандарина пола портокал Новогодишна торта направена со помош на мајка ми. Не сме многу по декорирањето, битно да е чоколадна и вкусна.
Спојлер Тортата за Нова Година. Во сиот хаос околку новогодишните подготовки, тортичкава доби и „мини фотосесија“. Овој пат решив да биде нешто поразлично од чоколада - моркови. За чокохолик како мене, смешно е кога ја убедувам околината дека омилена торта ми е carrot cake. Оваа е по рецепт на Joy of baking, со мали измени. Сочна, превкусна и нефотогенична (и калорична). Како засладувач користев кокосов шеќер, па малку ми беше помирна совеста. Инаку е мало тортево, во дијаметар (20 цм) и висока скоро уште толку (со декорација).