Компир и морков со хопла, нее сликано сервирано зш можев гладна да си останам ке ми го изедеа и мојот дел толку што беа вкусни. @Viktorijaaa5 Фала срцко за рецептоот.
За другарките ...руска салата, мафини, ги декорирав салфетките со лента. Се беше убаво средено, само заборавив да сликнам.
Божиќната мисирка Барав рецепт, овој во храна и вино ми се виде најпогоден, нешто додадов, нешто одземав и ова испадна: Прво ја оставив една вечер да отстои мисирката, намрсена со зејтин и зачини, вегета, сол, бибер. Наредниот ден прво ја пржев во мала количина на масло, во истава тава, ја вртев од сите страни малку да зарумени. Потоа во тавата додадов свеж босилек и рузмарин, компир, морков, кромид, маслинки без семка. Полеав со 150мл бело вино и 50мл коњак. Внатре ставив некое парче сланина. Се пече околу 90 минути. Одкако малку зарумени во текот на печењето ја извадив и наредив сланина врз неа. Излезе превкусна!
За Божиќ со мајка ми направивме кроасан торта Спојлер: Рецепт - 7 мали кроасани (ние купивме 7days, ама не мини, туку оние помалите кроасани што се по еден во пакување, 10 денари чинат) - 4 пакетчиња пудинг од ванила - 1 литар млеко - 20 лажици шеќер - 100 грама чоколадо - 100 грама бисквити (ама нас некако малку ни делуваше, ние ставивме повеќе од 200 грама) - 250 грама маргарин - шлаг Прво се вари пудингот со шеќерот и млекото, а потоа се дели на два дела. Во едниот дел се става чоколадото да се стопи и се меша. Се оставаат да се изладат. Во оладениот пудинг се става по половина маргарин и се меша со миксер за да се изедначи смесата. Во сад почнуваат да се редат биксвитите откако прво ќе ги натопите во млеко. Врз бисквитите се става белиот фил. Кроасаните се сечат на половина и се редат свртени надолу. Потоа одозгора се додава чоколадниот фил и убаво се потполнува меѓу кроасаните. Врз чоколадниот фил се реди уште еден слој бисквити, исто така потопени во млеко. Се финишира со шлаг (јас ставив две кесички, во кои по сугестија на мајка ми ставив 4 лажици шеќер). Врз шлагот нарендав и чоколадни бомбони со ментол што ми се најдоа дома и ме изненади колку убав шмек даде ментолот. Мислев дека нема ни да се познава, ама многу убаво мириса и го зачинува вкусот
Eden pileski stek ke go isecesh na kocki , ke go przish pa dodavash hopla koga ke zgusne dodavash kari zacin i meshash dodeka ja dobie zoltesta boja . Mozesh i plus vegeta ili drugi zacini po vkus , edno parce stek e edna porcija . Nazdravje
Американски палачинки.Ве молам не ми се смејте,прв обид за вакви палачинки,плус малце се поминијатурни од оригиналните , и се извинувам за квлитетот на сликата. Па,повелете!