Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина - Колумна

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од vendiii, 12 јуни 2011.

  1. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    девојката со срамежлив поглед...
    убава девојка на 20 годишна возраст..во цутот на младоста е...цути и таа!! со прекрасна коса по која и е препознатлива!со прекрасни кафени очи! со прекрасна става и веќе изграден став на однесување!да тоа е девојаката со срамежлив поглед мамка за туѓите очи...таа е познаник мој односно сосед живее на неколку кучи од мене....ја гледам скоро секој ден...и гледам тага во нејзините очи иако не ја познавам многу ..погледот кажува се!се прашувам што и е?како може толку убава девојка,која зрачи со убавина да биде со тага во очите?!?!се заинтересирав за таа девојка!се распрашував од нејзинитте пријателки но никоја не знаеш ништо нејзиниот ѕид беше толку многу цврст што мислам дека веќе излзе од контрола а таа сеуште не е свесна...сакам да и помогнам си реков! морам да поразговарме!излезе таа од некаде и подопре како да чекаше некого !а јас љубопитна застанав од страна и набљудував чекав и јас со неа!се појави тој од некаде. ДА! знаев дека е тој причината за нејзината тага ДА знам!а се прашувате од каде?!?!од говорот на телото го имам добро разработено што мислам секој потег си има свое значење тој имаше нешто во неговите раце се заглева повнимателно тоа беше кученце прекрасно мало... тој и го подаде го зеде таа во нејзите раце се насмеа му светна очите убавта девојка процвета и се проширија очите и се гледаше сјот!се срадував и јас !но тоа беше само миг го врати кучето и тој замина! девојката остана повторно со тагата но овој пат имаше сјај за надеж!ја потрчав до неа и и реков прекрасно куче!таа да преакрасно и пресреќно!ја здоглев и прашав од каде знаеш!? се насмевна- кај него во прегратка е !...се стана јасно!...не сакав повеќе да и создавам болка не сакав да ја оптеретувам со прашања НО,просто морав да ја прашам,ме гушеше прашањето и и реков зошто ти не си?!?!а таа ми рече : ја чекам среќата, ќе дојде знам и гледаше во него! на него мисли знам! ме боли тоа што не е до мене за миг ме оживува а ја живеам за тој миг!немаше место за прашања се беше јасно ...само се завртев и заминав...таа сфати дека јас ја дознав и потрча по мене и ми рече: не тагувај , секој живее за нешто јас за вакви мигови!
     
    На dragan4eDR и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Вечно незадоволни

    Конечно најдов време да легнам и да си посветам внимание себеси. Се обезбедив со најновите броеви на скоро сите женски и модни списанија (на кои патем почнав да трошам мали богатства) и почнав да листам.
    Најнови есенски трендови, најава за зимските, илјадници видови чизми и палта. Просто што да облечеш е тренд, нема промашај. Како да не.
    А да излезеш облечен во барем една од тие комбинации кои ги прават светските модни списанија ќе ги добиеш најчудните погледи. Толку ли се ретки оние кои се разбираат во мода кај нас?!
    Небитно!
    Стигнувам во страниците со облека. И повторно е хит стилот од 60тите. Мамичке, зошто ја фрлаше старата облека?!
    Енимал принт на следната страница. А зошто е дозволен да го носат и оние кое немаат појма од добра комбинација?????? Ми се гади кога ќе ги видам тигрестите хеланки „искомбинирани“ со леопард принт туника и зебрести чевли. Мислам хелоуу, се со мера треба.
    Минимално и кожено. Да, да, реков јас се е хит денес.
    Но, гледајки ги парчињата облека ги гледам манекенките кои горди ги шетаат минималните димензии на модните писти. Едноставно совршено им стои се што ќе облечат.
    Ги фрлам списанијата и се погледнувам во огромното огледало на ѕидот.
    Спојлери еден куп, стрии-исто така. Бутовите се преголеми, задникот недоволно затегнат. Носот е океј, ама усните-премали. Се би дала за поголема уста. Градите средни, но да беа малку поголеми ќе беше супер.
    И како јас, на такво тело да станам минимална и кожна сукња? Или пак тесна туника во која ќе изгледам како трудница со стомакот???
    Гладувања, вежби, каење за секоја внесена калорија... А зошто? Ете, резултатите се малку видливи.
    И пак незадоволна.
    Предизвик е да се влезе во S и пак незадоволна. Секако, додека постои и ХЅ...
    Тоа го прават телата на манекенките во списанијата или пак ние самите?
    Зошто не сфатиме дека сме убави и вакви, со или без вишок, со помала или поголема уста, со мали или големи бутови?
    Баш вакви за некого сме совршени.
    А ние, вечно незадоволни.
    Виновен ли е женскиот хромозом во нас или пак секоја жена е различна?
    Постои ли некоја која во својот одраз во огледалото ќе рече: „Ништо не ми треба, совршена сум!“?
    Тешко...
    Или пак модата прави да сме незадоволни од својот изглед?
    Може да се најдат милијарда изговори, ама ние секогаш ќе бидеме вечно незадоволни.
    Тоа не е само во жените, тоа е во човековата природа.

    Ве сака УајтЕјнџел :*
     
    На dragan4eDR, marama, De-lovely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Дали постојат вистински пријатели???

    Живееме во време на лицимерие,лаги,егоизам,користољубивост и каде што од секого очекуваш да ти забие нож во грб.Не знаеш повеќе кому да му веруваш а кој би бил првиот што би те предал,не знаеш кој ти е пријател а кој само се прави,кој би направил се за да бидеш среќен а кој ужива да те гледа поразен и разочаран.Да, живееме во турболентно време кое налага да си го поставеме прашањето "Дали постои пријателство во вистинска смисла на зборот?" Дали денешните пријателства се сведоа на лајкови на фејсбук и неколку коментари??? Звучи глупо и смешно но вистината е таква.Ретки се личностите кои би си ја ставиле раката во оган поради пријател или пак би му помогнале во тежок период.
    Ме загрижува што се стана површно и материјално,секој си гледа само за себе,секој гази преку се за да го добие тоа што го сака без да се грижи дали ќе повреди некого со тоа или не.Дали сопствените интереси се ставаат пред лојалноста што треба да ја имаме спрема луѓето за кои тврдиме дека ни се пријатели? Велат дека кога ти е добро сите ти се пријатели а кога имаш некоја криза сите те оставаат сам да си ги решаваш проблемите.Епа не се согласувам во потполност.Суровата вистина е дека кога си тажен и несреќен се наоѓаат некои личности кои одлично ја играат својата улога на "добар пријател" за да те тешат и да ти велат дека се ќе се среди а потајно се радуваат на твојата несреќа.А кога ќе успееш во нешто не се мачат ни "Честитам" да ти кажат туку превртуваат со очите како нашиот успех да е нивен неуспех.Ни требаат ли такви наводни пријатели? Вреди ли за нив да се жртвуваш и да им помагаш? Дали тие воопшто заслужуаат да се наречат пријатели?
    Да,во денешно време зборовите "пријателство" и "љубов" го изгубија своето значање.Две од најважните работи во животот се се поретки и поретки.Се прашуваме како повторно да веруваме кога сме биле предавани толку пати,како повторно да помагаме кога никој тоа не го цени и на крај како да знаеме кој заслужува место во нашиот живот кога толку непотребни личности биле таму.
     
    На dragan4eDR и candygirl им се допаѓа ова.
  4. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Детство
    Детство... Се ти е полно, се ти е рамно... Единствената грижа ти е како да ги облечеш куклите, да собираш детски пошти, или шарени салфетки или сликичиња од турбо мастики и само шетање, акање по маало со сендвичот во рака и после во кревет ко бајче. Од утро до вечер си игравме секакви игри: мижаница, руковис, клиска, ластик, конзули, куцана, заљубеното шише, долга магарица, плочка, џамија, штркот бара боја, нека бие, ластик, цигари, јанино, царе царе, слика апарат, били (џамлии), па правевме тенгала (чатали), па лак и стрела од некоја сурова врба, само кога ќе се сетам колку лагерки имав направено ееехх уште имам лузни од тие лагерки по рацете … Никогаш не ми беше здодевно. Ех, да можам да го вратам она време кога крадевме сливи од кај комшиите и си мислевме дека сме мнгоу опасни крадци дека никој не не гледа :P... правевме торти од кал, сарми - од кал и лисја, возење бицикли низ цело маало, па мајка ти ти вика на цел глас да се прибереш одма дома пошто си „жива вода напраена“ а ти стално „чекај мамо уште маааалку!“ Ех ама уживавме... најубавиот, најбезгрижниот период, кога ништо не ни требаше освен неколку другарчиња, лебче намачкано маргарин или ајвар, ластик и топка и слободна ливада за трчање до ноќ. Го сакам моето детство. Ми фалат барбиките, и игрите со тетки хахахха штикли големи ќе облечиме ѓердани, ташни... абе доринди и во двор ќе си направиме дневни соби... абе сее , и ептен се соживувавме со улогите, и баш онака си се обраќавме со ,,тетке,, ...некогаш одевме во блиската шума градевме куќи и бункери од дрво и лисја...Ех колку ми фалат тие денови, особено во лето, кога по цеееел ден бевме надвор се до доцна навечер, се збиравме по гаражи и игравме карти Ми фали се она што ме праваше дете...безгрижноста, палавоста, плачењето за глупости, игрите, играчките, стоењето во ќош, казните,наивноста, лексиконот, првите симпатии ,букварот, а само кога ке ми текне на црницата пред куќа и големата врба на која редевме лулашки на Ѓурѓовден... Ми фалат сите лузни од времето кога се учев да возам бицикле, ми фали нервозата и омразата кон цел свет кога се мачев да научам да читам, тепачките со сетра ми и братучедами , млекцето пред спиење... а кога игравме и глумевме цели приказни, бевме пејачки, па имавме мис избор, па песнички од типот " шмиц миц мици ма мама хоче да ме да..." цртавме во споменарите, кажувавме страшни приказни и после умиравме од страв кога требаше да си одиме дома... „Мирисот на липата и печените пиперки, двата најубави мириси што постојат“.....колку е само точно, и колку многу овие мириси ме потсеќаат на детството .... “Понекогаш посакувам да сум мало девојче, зашто повреденото колено боли многу помалку од повреденото срце”. Тогаш мислев дека е многу поубаво да бидеш голема сама да заработуваш за животот да имаш свој дом да не мораш секој ден да ги слушаш "дрдорењата" на родителите .. да не ги слушам глупавите прашања сестра ми/брат ми... да не ги слушам све едни истите приказни на баба ми. Жалам што моите деца ќе играат на компјутер уште мали.. жалам што нема да видат како е да трчаш и да играш мижаница па да извикаш на глас ИЗГОРЕ ГРНЧЕТО ПРЕТЕЧЕ МЛЕКОТО НЕЕЕЕЕЕ БЕЕЕЕЕВ ЈАААА !!! еххх, да можам и сега би си играла...
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Реализмот на моето време

    Ние луѓето сме чудна направа. Од се успеваме да направиме врева, скандал, па дури и се караме меѓу себе за ситни работи кои ни ја јадат душата. За жал, на тоа се сведува реализмот на моето време.
    Некои учат, не за да научат, туку затоа што е модерно да си запишан на факултет. Други трпат за леб, додека нивното дете вози скапи автомобили и носи скапа облека. Трети глумат лажни насмевки, додека душата им гори од нервози и грижи. Изгледа како на филм, но сепак ова е нашето секојдневие. Никој не е свој во ова време. Од сите страни си притиснат. Од родителите, од врсниците, од Фејсбук, па дури и од самиот себеси. Живееме брзо и бесно. Или пак, повеќе сонуваме отколку што живееме. Не инетересира животот од комшиите, од непријателите, додека нашиот тече, и за жал не се менува. И така некогаш ќе слушнеш од постарите како во „нивното“ време подобро се живеело, а како денес се изместиле сите вредности, а ние младите поима немаме од то што значи живот. Но, реализмот на моето време носи може друга порака. Денес треба да се работи за да се успее. Денес се гледаш само себеси. Денес е ден само за тебе, а за другите ако имаш време. Денес не е заедница. Денес сме единки. Денес никој не е виновен за мојата мачна судбина. Тоа не е државата, тоа не си ти, тоа сум само јас виновен за моите дела. Реализмот не е фантазија. Кој ќе го прифати тоа, ќе стане господар на себеси. Сепак и фантазирањето е дел од денешниот реализам. Сите фантазираат дека се нешто повеќе од тоа што се. Дека сите останати се нешто подолу од нив. Дека тие, а не оние другите, се побогати и поубави и попаметни. Кој знае, може тоа ги оддржува во живот. Така си ги полнат душите и така едноставно се чуваствуваат поубаво.
    Но, дали реализмот и воопшто постои? Со олку фантазирање и глумење нашиот живот се претвора во филм. А филмовите наши ги пишуваме сепак ние самите. Така да, каков филм ќе живееме зависи само од нас.
     
    На dragan4eDR и Squirrel им се допаѓа ова.
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Бифши ....

    Зошто се вртиме назад ?!
    Зарем работите и личностите кои останале зад нас се толку драгоцени кои веќе одамна се само спомени , и тоа оние помалку убавите , заради кои ги доживеа најтешките и најболните моменти во животот , заради толку непроспиени ноќи и исплакани солзи ... Зошто толку внимание на неубави и небитни нешта и уште понебитни луѓе ? ! ?
    Си викаш готово е веќе крајот е тука , ама ете пак истото по не знаеш и сама кој пат еден чекор напред па два назад така ... Но до каде до кога така ? !
    До кога ќе трае таа агонија .Кој идиот е толку способен да ти го блокира умот и разумот , да ти го го скрши срцето и да ти ја оздземе Гордоста а неретко и сопственото самопочитување и она ЈАС ?
    Нели заслужил да го закопаш жив , да го пратиш онаму кај што му е местото во минатото.И тоа кај оној мрачен дел кај кого никогаш не се враќаш и не се сеќаваш зошто ПОДОБРО И НЕ ЗАСЛУЖИЛ !!!
    Додека живее во вашата глава во вашето срце тој и понатаму ќе владее со вас , ќе ве гуши несвесно ќе ве чува како плен во канџите . Летнете мили мои некаде далеку каде што нема повеќе да може да ви наштети . Истерајте го од своето срце ако конечно сакате да свртите нова страна . Како што велат дека секој Роденден и секој почеток на Новата Година е шанса за нов почеток така е и со секоја пропадната врска . Сфатете го како крај на едно поглавје како крај на една книга која подоцна ве разочарала ја исчитавте научивте нешто од неа , но сепак нејзиното време поминало , интересот ќе ви се намали а има толку многу избор зошто би се враќале на истата кога веќе го знаете крајот .
    Живете за себе и само за себе !
    Се роди сама без него , значи можеш и така . Секој без секого може . Далеку од очи далеку од срце . Не, не е само уште едно старо клише туку реалност.
    А кога ќе бидете доволно силни и кога тој НЕКОЈ ќе ви биде НИКОЈ во животот , а ќе дојде тој ден бидете сигурни во тоа многу побрзо од што сте мислеле . Застанете погледнете го длабоко во очи ќе прочитате се што одамна требаше реално овој пат !
    Тоа не е ТОЈ ..
    Овој пат ќе може реално да процените колку вредел . А тоа секогаш е многу помалку од што сте мислеле.
    Сте го прецениле , сте замижале зад маните па веќе не е ни така згоден ни така посебен ... Сега е само индивидуа која разбуди многу чувства во вас , и ви помогна да созреете и да сфатите што сакате или што не сакате од животот и од вашиот иден сопатник ...

    Не говорете само насмевнете се . Расчистивте со спомени и издвоивте победа суво злато вредна .
    Честитам :d:

    Венди
     
    На dragan4eDR и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  7. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    What goes around, comes back around…

    Често правиме некои нешта со кои ги повредуваме луѓето околу себе. Но,што ако работите кои ги правиме носат добро за нас, а не носат ништо добро за околината ?! Значи ли тоа дека сме себични, дека не мислиме на туѓите чувства и размислувања?
    Некако во последно време многу често ја слушав фразата: ’’ што ми е гајле за другите јас гледам мене да ми е убаво ’’. Се прашувам имаат ли овие луѓе совест? Од друга страна си велам па зошто тие би имале совест, оној на кој милсиме дека му наштетуваме би мислел ли на нас, ако се најде во истата ситуација?? Можеби да,можеби не. Некако се ми е измешан.. ми се мешаат оние стари христијански норми и морални вредности и овие кои ни ги наметнуваат Европа и Америка.
    Да земеме еден пример кога жена е во врска со оженет маж, прво што ќе се слушни за неа откако ќе се дознае за врската ќе биде таа е курва, ороспија... Се прашувам има ли оправдување за оваа жена? Но, која сум јас да барам оправдување за неа? Кои се сите тие што имаат право да ја осудуваат? Како и да е и таа можеби пати...АМА можеби и не,можеби сето тоа го прави од чиста злоба,завист,корист?
    Е овде се јавуваат оние внатрешни конфликти добро или лошо, чесно или не.. И пак ќе кажам според мене е сето ова е последица на мешање на она старото и новото што допрва ќе дојде. Само тешко за нас младиве, НЕ ги познаваме границиве.
    Но, како и да е едно треба да ни е јасно,без разлика што и да правиме, Има една проклета работа во вселената која се следи и се гледа. НЕ, не е тоа Господ. Се вика КАРМА. И мниогу убаво си кажала се НЕ ПРАВИ ОНА ШТО НЕ САКАШ ДА ТИ ГО ПРАВАТ, ЗАТОА ШТО СЕ СЕ ВРАЌА И СЕ СЕ ПЛАЌА!
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Серии-нов вид елементарна непогода

    Си ја мирисав штотуку избањатата коса и мрзливо вртев по каналите. Почнувајки од тројката на која ми е мемориран Сител. па натака не знам до кој број, се серија до серија.
    Ама најголем бум од идеи за текстов ми предизвика иритирачката индиска серија на Сител, чие име беше нешто со невеста. Малата невеста или така нешто... Секако дека за неа можете да се информирате на нашиов форум, на кој за секоја серија има тема!
    Немој да ме сфатите погрешно и да мислите дека јас имам нешто против сериите. Напротив, немам ништо против и нема да се фолирам и да велам дека не ги гледам.
    Ама овие индискиве, на чело со првата именувана од моја страна како Бандити, ми идат на живци.
    И така вртејки по каналите, си ја замислив баба ми како седи на креветот зркната во ТВ екранот и и доаѓа да заплаче за несреќите кои ја снашле малата невеста.
    Ма да, и јас плачам. Со половиот ми орган во веце шолјата...
    Јас не знам како очи не им пресушија. Серијата игра можда година дена, а се уште нема кулминирано!
    Ам до расплетот уште колку има?
    Се осеќам затруено од серииве.
    Колку и да не ги гледам запознаена сум до најмали детали. Па кога цела моја блиска околина не тргнува поглед од нив и уста не се затвора!
    Затворам уши додека зборуваат, правам најзаинтересиран сурат и размислувам што ќе ручам.
    Ама не се може!
    Уште поиритирачки ми се рекламните шпици кои ги даваат на пет минути.
    Трагедија ќе се случела...?! Ииииихххх леле, ако досега плачеа што ќе прават тек кога ќе се случи трагедијата.
    А свесни се или не, дека самото емитување е трагедија??? Тие мали невести, бандити и уште едните како и да се викаа се бетер од земјотрес да те удри на лице место.
    Сериозно, значи шпанските, мексиканските и турските серии се како некоја поблага бура, ама овие индискиве се врв. Ураган, земјотрес...
    То ест не, не се ни ураган, ни земјотрес. Тие се некоја комбинација од сето тоа.
    Би ја нарекла сериотрес. Новата елементарна непогода која е присутна на нашиве простори...
     
    На dragan4eDR и PlaviOrkestar им се допаѓа ова.
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Секогаш пишувам нешто свое, но овој текст сакав да го споделам овде...

    Штикли
    8-ца, 10-ка, 18-ка, 20-ка…
    Црни, црвени, кафени, сиви, бели, виолетови…
    Отворени, затворени, зимски и летни.
    Штикли.
    За некого само обувки, за некого неподносливи.
    За мене незаменливи.
    Обожувани, сонувани, посакувани. Едни од малите нешта кои ме прават среќна.
    Кога ќе кажам штикли, помислувам на елеганција, отменост, малку арогантност, а пред сè женственост. Моќ работите да ги гледаме од малку повисоко.
    Ме потсеќаат на вечер, ноќ, и се единствени сведоци на она што вистински се случило таа вечер. Кријат тајни, прават болки.
    Способни да разбудат еден цел град, да ги растреперат улиците, да се слушнат, да остават некој без сон.
    Ме носеле секаде каде што сум посакувала, места кои само тие ги памтат.
    Покрај тоа што биле агресивно соблекувани, одделени од ногата поради страст, болка, тие секогаш го знаат патот за назад, и никогаш ама баш никогаш не ги раскажуваат своите приказни и тајни средби со градските сокачиња и скали.
    Нивниот звук го означува почетокот на една ноќ, една љубов, една средба, еден танц…
    Моите штикли се спремни да одекнат низ улиците…

    Автор: Butterfly
    Преземено од: Кафе пауза
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Нова Година и белиот дедо
    Драги мои старата година веќе е спремна да ја испратиме, а новата веќе ни е на прагот.
    Колку вие сте еуфорични по тој повод?
    Кога спомнувам еуфорија, да почнам со предновогодишните подготовки што ги прават градовите. Знаете елка на плоштад стандард и други ѕенѕулки и светкави предмети ни шараат по улиците и баш приметливо не потсетуваат дека Новата година се наближува.
    Да ги оставиме настрана украсените(накитените) градови, куќи и тераси, да почнеме од домовите. Некои луѓе, посебно тие од женскиот пол ги фаќа таква еуфорија што дома им е накитено, украсено и светкаво со сијалички и триста чуда чиниш во некое диско катче си и трепнуваш покрај нив и ти, само во случајов седиш дома и трепкаш и по желба(можеш да и се восхитуваш и да не го правиш тоа) на елката што на среде соба стои ако и се восхитуваш ќе и пееш порасни уште две-три педи па дури и ќе учествуваш во китењето.
    Кога сме кај китењето, од украсите низ градот, елките, светките и еуфорично растрчани луѓе стигнавме до последните подготовки.
    Жените многу повеќе се замараат за дочекот на новата одколку мажите, па така тие месец порано одбираат и почнуваат да прават комбинации за одговор на прашањето:Што ќе носиш/ам вечер? Цела таа предновогодишна еуфорија ми е вештачка. Жените се натпреваруваат во поубаво накитен дом, -китењето на елка(А ако се нема накитено елка Нова година нема да дојде? -или јас сум во заблуда?) па сигурно дека и вечерта секоја ќе сака да изгледа најубаво и најблескаво не за друго де, да одговара на пригодата (Светкава вечер со диџеј Дедо Мраз). Кога го спомнав дедото од Лапонија со црвено палтенце и белата брада морам да кажам колку малите му се радуваат? Посебно се радуваат на прашањето: “Што сакаш да ти донесе Дедо Мраз?” Па на ТВ екраните гледаме новогодишни анкети и заклучуваме дека малите се тие кои најмногу го сакаат белиот дедо и слушаме одговори како сакаат да им донесе пакетче, кола, барбика итн.
    Да не ги заборавиме емисиите што се снимени два месеца пред, се игра, се пее, уствари секој “уметник”(пејач или гитарист) гледа да се покаже во што е можно најдобро светло, три пати да го грабне микрофонот, еднаш барем да се фати на орото и цело време да и се смее на камерата. :D
    Секој си замислува по една желба за наредната година, некои работи ги оставаме фрлени засекогаш во годината што изминала, а нешто сакаме да ни се повтори и во наредната.
    Кич, или не, вештачко, присилно новогодишно расположение или не секако дека Нова Година сакале ние или не ќе си дојде без да праша никого, а начинот на кој ќе се чека е прашање на личен избор.
    Најважно е со кого и да сте и каде и да сте во најлудата ноќ во годината како што ја нарекуваат да си поминете прекрасно и незаборавно.
    Зошто ако претерате вечерта со алкохол баш ќе биде заборавна и ќе се сеќавате само на утрото после тоа.
    Без разлика колку сте еуфорични, со кого и каде ќе ја чекате ви посакувам на сите Среќна Нова година и во оваа новата да бидете многу пати поуспешни и повесели.
    Вашата Лукси ;) П.С требаше да го објавам пред НГ ама бидна :)


    Фејсбук
    Ви го претставувам генијалниот, досетливиот и убедливо најуспешниот информатичар Марк Цукерберг и неговата величенственост Фејсбук.
    Кога и да се спомне фејсбук во глава ми се вртат многу работи.
    Интернет посетеност:Mirc, Hi5, Twitter, па ете го изумот на Марк плаво-белиот фејсбук.
    Сеа последна конкуренција на плаво-белиов му е Google + па се чека да видиме колку ќе се префрлат таму или колку ќе се зачленат и дали новиов кој му конкурира на Фејсбук ќе успее да му земе корисници.
    Социлајниве мрежи почнаа да стануваат многу популарни, па и од толку популарни веќе почнаа да стануваат досадни. А колку што се популарни толку можат да бидат и опасни, а и тотално заразни. Дојде такво време што нема кој нема фејсбук,неговата популарност и брзината со која таа растеше е огромна, па затоа Марки го вбројувам во најсреќните луѓе во изминативе две години.
    И јас имам профил на фејсбук, кога се зачленував не ни помислив дека после тоа секојдневно ќе го отварам. Рака на срце фејсбук претрпи многу промени, но и многу закани од некојси хакери за негово укинување.
    Сакаш да знаеш кој со кого бил и каде? -пушти фејсбук
    Сакаш да ги знаеш најновите трачеви - пушти фејсбук
    Сакаш да се изнагледаш секакви слики – направи го истото од погоре

    Статуси, коментари од типот на: srcka si mwac, ej devojko mnogu si mi seksi, top si kis4e, можеш да најдеш наоколу, а ако прошеташ малку поубаво низ плаво-белата долина ќе здогледаш и слики на девојки што се полуголи, друг вид на слики, слики од излегувањеа, уствари би им ги крстила албумите во: Чалам(Секаде каде што бев).
    Освен сликите, фејсбук е добро место и за рекламација, па понатака ќе начекаш и статуси, отворени/затворени групи, настани за сите т.е знаете за културно зближување не на народите туку на фејсбук корисниците.
    Да не ги заборавиме и игрите како фарма и останата компанија на игри кои се или беа екстремно заразни едно време, па да не го заборавиме и четот кој е најзафркнат од цел фејсбук.
    Реков дека ми се вртат многу работи, па освен ова од погоре, за фејсбук се имаат препеано многу песни и се имаат направено скечови и јавни излагања, па да фејсбук кај нас има стигнато дури и на вести.
    Ја гледате неговата огромна популарност? Стигната е и до принтање на маички со натписи поврзани со него. Ете, а се должи на милиони корисници ширум светот.
    Ако не измислат нешто што ќе ја разбие популарноста на фејсбук во скоро време се плашам да не почнат да лечат зависност од него. Драги мои знам дека сите читатели знаете за што зборувам (па и дедо веќе знае за фејсбук), а ако не знаете да ве потсетам дека станува збор за една од најголемите и најуспешните социлајни мрежи на интернет.
    Предности од поседување профил на фејсбук е тоа што секогаш знаеш кога симпатијата ти е слободна и можеш да дремиш на ѕид кај него/неа колку сакаш без да знае. Друга предност е што за некои работи што те интересирале ќе ги дознаеш попрво на фејс и без да се потрудиш да ги побараш. Недостатоци од имањето профил е тоа што можеш да заглавиш на чет до касно и да пропуштиш испит или да се заборавиш играјќи фарма и да не станеш 5 часа од столче.
    Најголемиот хендикеп воопшто е што со социјалниве мрежи некои забораваат што е тоа да се живее малку понастрана од виртуелниот свет.
    Ве поздравувам сите до следно читање и полека со тоа фејсбукот, снешко нема само на фарма, снешко се прави и со снегов надвор
     
    На dragan4eDR и Feminkaa им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.154
    Виртуелни пирати, арамии без ксмет

    Се чувствувам како риба на суво кога во немоќ се препелкам во оваа гадура од свет... Некаде помеѓу шунд од околу 20 реда, преобликувана туѓа мисла, помеѓу својата искрена сугестија до туѓите мисловни капацитети кои ги берe во шише за пиво од два литри.

    Животот не ќе беше лош,ако повеќе верувавме во себе си,ако повеќе се сакавме себе си. Како?! Епа тоа што ти братче,седиш на фб и гледаш кој со кој се има во заеднички пријатели за да не те уловат кога крадеш туѓа песна за која вчера не си ни знаел,ја постираш на туѓ ѕид и се чувствуваш дека си триумфирал над ниското ајкју или едноставно над својата несигурност,испросувајќи си малку заслуга од одредена личност.Тоа што ти патиш за потврда на својот капацитет кроз некоја маестрална идеја која е очајна затоа што твојот мозок е во грч во тој секунд и нема слободен тек на мислите,па она кое што си го пишал е екстраординари глупаво,ама хеј,5 лајка...па да,човече,браво. Кога ти паѓаш и чекаш да те фатат за да не се срониш,кога ти паѓаш затоа што друг виа виртуелен простор е прифатен,во реалноста си мивка без компромиси...ќе биде така.

    Кога ти братко мој,ќе седнеш да прочиташ три реда од некој мастерпис,кога ќе ти биде своето мислење поважно од туѓото и никако како инстант психологија за кревање на егото,туку како трајна определба за насока во животот,кога твојот живот,интереси се на пиедесталот,а останатите само едноставни минувачи.Кога тебе ќе ти биде јасно дека тебе те бидува за цртање или можеби свирење на пиано или за танцување или пеење,а не си толку добар говорник или пак и обратно,ама едноставно не ти е важно за кој курац некој нешто мислел,затоа што зад своетo *поле* ти си царот,ти си плејмејкерот,другите можат само да ти ја симнат капата за сработеното.
    А до тогаш,тони во твоите говна,мене да речеме дека ич не ми е гајле. Мојата глава си е на позицијата која што треба (да се разбереме и не е секогаш најгордо крената),мојот од е смирен, моите мисли често се тивки...
    Да не постоеа овие виртуелни начини за кревање на болни крикови и гласови,многу не ќе ги ни знаевме. Што е блогер?! Интелектуалец со серизна фалинка,морон кој не успеал да се реализира,па мрси муда зад типките на тастатурата. Пис оф кејк! Ме ужаснува моментот дека фејсбук и твитер стана поле за саркастичен натпревар помеѓу народните. Сарказмот како најзлоупотребувана алатка,па оној кој не може да смисли досетка е ворева алоун... Патња и непребол на осаменикот. А поголемиот дел и природно не би го ни препознавале, ниту би им бил близок ако не го гледаа Хаус рецимо.
    Љубопитна сум,како тоа,на оваа грутка која катадневно триумфира (?) над нешто, во која има толку многу кои се пронајдоа ко интелектуалци, познавачи на се и сешто, дежурни обСЕРвAТОРИ,коментатори, критичари,стечајци, протестирачи за нешто,хипстери, ниеден не се најде толку способен?! Дали да досудам на тоа што сме така речи пропадната генерација затоа што нашите тогаш беа обземени со војни, инфлации, девалвации, Хирошима, чекање ред за млеко и леб, пиење на вода од цистерни, распад на смрдлива и вештачка творевина,па после ги удри носталгија,па се некако луѓето немаа доволно време да ни се посветат затоа што беа исплашени од идејата дека ние,нивните малечки,нема воопшто да успееме и да довирееме на овој простор. Па потоа дел од тие родители станаа и професионални лопови кои пак ги доеа своите младенчиња со други форми на љубов од онаа која на малкумина денес им е позната по дефиниција,дел останаа без леб,па егзистенцијалните прашања ги удрија по градење на личноста на нивните деца,а дел и се бореа со системот и новите вредности,па исто не успеаа да ги воспитаат правилно,веројатно и беа збунети кој пат да го фатат или чиј анален отвор да излижат за да го најдат спасот.
    Се некако ми оди дека се работи за деца на оние кои увек го тегнеле потенкиот,а не подебелиот крај. Најмалку снаолдиви се,а најзахтевни,чунки така ги воспитале. Тоа а,мама на!
    Значи да сублимирам,половината се ПАМЕТНИ,половината се сељачишта и како пак не оди работава?!
    Не сакам да живеам на платенава на која ако не беше гугл,немаше да има реално знаење,испечено и созреално. Не сакам ни да помислувам дека ова кое што треба да не направи отворени кон светот,создава социопати.
    Познавам луѓе кои ги калеа форумите. Првите пубертетлиски трауми ги добија од форуми,а и такви кои лечеа адолесцентски кризи на форуми и им ги создаваа траумите на првите. Беше како да ви кажам,на едно ниво каде што,ако форум масата не те прифати,тоа е катастрофа,не знам дали се водеа по аналогија дека само паметните имаат пристап до персонален компјутер,а исто така не знам дали денес се свесни дека секоја будала има пристап до истиот,а интернетов и не е дајл ап,што е уште поголемо зло. Наместо траумата да му биде зошто носи очила или Верче к*рвата од 2-2 (средно) не го рецка два посто или зошто се чувствува глупо зошто не го прочитал Чехов,нему му беше траумата зошто некој си трол не го прифаќа,а останатата проста маса го обожува и смета дека тој е тој кадарниот кој вика,ти ќе се дружиш со нас,ти не. Имаше и дами кои станаа лабилни параспури зад параваните на виртуелата која тогаш значеше мудрост.
    Профаноста започна некаде тука...помеѓу сите 0101000010101001...а вие сте идиоти. Комплетни.
    Благодарам многу и чао.
     
    На dragan4eDR, Hipster, SexyLady и 10 други им се допаѓа ова.
  12. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Зошто не треба да ги враќате бившите?! (+18)

    Се враќаат бе како не, само не секогаш.
    Се враќаат преку соништа, а некогаш и преку кошмари.
    Се враќаат на истите кафичи, кафани и локали кај што одиме, оти не живееме во метрополи од по неколку милиони жители.
    Се враќаат непосредно после прекин на врската за да се доиспоебат уште малку со бившиот партнер, за полесно да им помине сушната меѓуфаза од еден до друг кур. Воедно ја користат таа прилика уште по 1001 ви пат да се докарат, дотепаат и дорасправаат за истите прашања овер енд овер аген.

    Се враќаат навидум преку некои нејзини другари и другарки да те дошпиунираат уште малку дали си тажен, дали те курац боли, дали рониш солзи и го врискаш нејзиното име во доцните полноќни часови додека во позадина слушаш некои жалопојќи од типот на Someone like you, Iris, Don't wanna miss a thing и ним сличните и дали редовно ставаш вене сечем стаутси на фејсбук, песните спомнати од претходната реченица и црно бели фотографии од расплакани ангели и невести со готска позадина - вака нешто, како на сликата.

    Нормално, сето тоа е режирано да изгеда дека тој ваш другар демек случајно го заболел одеднаш ташакот за тебе и се интересира како ти е.
    Некогаш, ретко, се враќаат во твојот роден град, ако сте се упознале на некој одмор или ол инклузив гага семинар финансиран од Зорос, па да си евоцирате за тамошниот ненадеен хормонален дисбаланс и како истиот бил регулиран.

    Се враќаат и преку старите спомени, старите песни, старите навики и останати геј моменти.

    Ама сепак најопасното враќање на кое ќе се задржам е она после неколку години, и оваа ситуација како еден од оние ултимативни тестови на карактерот и волјата, неретко сум ја гледал. Обично се случува ако ти раскинала додека сте биле млади односно доцни тинејџерски, или рани дваести години. Тогаш причината од нејзина страна била - се сретнавме премногу рано, во превод супер си ти, ама јас уште не сум ги прошла 5-те кура без кои не смеам да умрам. И ти си тераш со животот, године пролазе, она во меѓувреме лудо се забавља, дополнувајќи сè што демек пропуштила со тебе, пијанки, многу дечковци и сексови, некогаш и оргии како од порничите нарочито кога е на одмор надвор од државата каде не ја знаат.

    И одеднаш постепено, малце по малце it begins... Едната другарка ќе и се жени, другата ќе фати дечко за поозбилно и ќе ја снема од ноќниот живот. Трета ќе се вработи, окупирана со работа, а во меѓувреме си бара стабилен партнер. Младите генерации веќе ги окупираат клубовите и си возат свој филм, биолошкиот часовник отчукува, желбата за мајчинство и дете станува напорна како пролив среде битен состанок. И тогаш ќе и текне на Трајче, и колку убаво и било со него и како да може да го врати времето, сега ќе си беше среќна со Трајче. Обично тука завршува муабетот, се сведува на еден дејдриминг и толку. Ама некогаш се продолжува и корак даље. Сакам да го видам што прави - ќе си рече - дали има девојка, ќе и стане главна преокупација таа мисла. Ќе најде начин да стапи во контакт со тебе. Најчесто тоа нема да биде дирекно, не, не, ѓаволот пре ќе оди во калуѓерки отколку да ти дозволи тебе било каква морална сатисфакција што ти наводно би ја добил кога она ќе ти се јави. Ѓаволот не само што сака да ти ја земе душата, него сака тоа да биде изведено на начин со кој ти ќе молиш на колена да му ја дадеш. Ќе најде начин да дојде до тебе индирекно, преку другари, или случајно демек ќе се судрите во омилениот твој кафич. Ќе ти се насмее, ќе те изгушка како роден брат, ќе ти каже нежно на увце - јави ми се, пази ти на неа да и се јавиш.

    Нормално, глупо машко (нарочито ако тогаш е сингл) во тој момент ќе му се надигне куре за стари слави, нада умире задња и ќе се јави. Ѓаволот многу добро знае што ќе прави на тоа ваше видување. Уште од раѓање, они се родени и усовршувани исклучиво за такви моменти. Ќе дојде облечена секси, не премногу оросписки за да биде апла, него таман, ѓаволот точно знае што значи тоа таман. Муабетот ѓаволот ќе го фокусира на минатото - вашето заедничко минато. Нормално тоа нема да биде како од пушка - леле колку ни беше убаво заедно, ѓаволот знае како без ти да приметиш бомардирајќи те со сексaпил и мотајќи те од тема на тема да те натера да помислиш дека уствари тоа што она го бара, уствари ти си го барал сиве овие години. Почнувајќи од просто праашње - како е мајка ти, дали уште прави добра торта, се сеќаваш кога ни направи тогаш торта тебе ти падна пола на под и го направи ќилимот лом, а нели наредниот ден требаше да одиме во Охрид, леле колку убаво си поминавме тогаш се сеќаваш.

    Некаде на крај на муабетот ќе најави благо каење ама не дека ти раскинала, него општо, леле колку бев млада и глупава тогаш многу работи би сменила тогаш. Ти од таа реченица треба да прочиташ меѓу редови што сака да ти каже затоа што тежината на гордоста што ѓаволот ја носи не се мери ни во метрички тони, за да ти признае дека згрешила. Фастфорвард некој ден покасно ти си пак со неа.

    Една работа да ви кажам ако се најдете во ваква ситуацијата. Немојте да бидете будали отерајте ја у три лепе пичке материне. Ако државата нејзе и дала право на глас на 18, како и правото легално да снима порничи, бидете свесни дека тогаш она многу добро знаеле какви и се последиците од нејзината постапка, нека не ве фаќа на финти млада бев и глупа, паметна си е она и тоа доста за да си ja оствари нејзината стратегија ем јаре ем паре. Сега сака да ви ја уметне приказната со стариот бунар во кого претходно плукнала. Немојте да паѓате на романтиките со кои ќе ве бомбардира, кучката да начекала некој со повеќе пари или поситуиран или поасален од вас до сега ќе била женета со 5 деца. Ич кур не ја боли за вас него сака сопствениот живот да си го стабилизира, а за тоа и требате вие.

    Ја знам дека вагиналаната магија е моќна ама стварно некои што ги знам како паднаа ко ретарди на оваа финта е чудо - невидено. Не мора тоа да бидете вие.


    Сусаро.
     
    На dragan4eDR, SexyLady, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Baronessa

    Baronessa Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Скапи високи потпетици или Маж©

    Топло добредојде во современиот свет на измешани ароми од материјализам, љубов и љубов кон материјализмот!

    Денешните жени се симбол на силата и самостојноста, а дали тоа ги прави материјалисти или не, е само нивно право. Многу пати сте се прашале дали жените кои стојат стабилно на финанскиски план се “спонзоруши.” А ,дали тоа е навистина така или само си уживаат во успешни кариери, земете си за слобода и прашајте ги.
    Мое мислење е тоа под Б), зашто скапата облека ја крие и чистота, а и тоталниот безобразлук е да се искористуваат мажите.
    Не дека го немаат тоа заслужено, поради тоа што секоја од нас била повредена од нивна страна, но сепак имаме премногу добро срце и да ги сожалуваме.
    Скапите високи потпетици се само доказ дека можеме да бидеме успешни без маж. Тој не е доказ дека сум успешна, тој е доказ само на мојата способност да им покажам дека потпетицата ми е многу подолга од нивната “гордост” .
    Па и ние сме како нив. Сакаме високи потпетици, со истата онаа страст како тие кога гледаат фудбалски натпревар, и зашто тој да биде во прв план кога секоја моја потпетица издржала многу подолго од неговите возбуди. Тие се заљубуваат во секоја која ќе ги помине покрај нив, а ние во секој излог со чевли. Само предност ни е тоа што нашата љубов ние можеме веднаш да ја имаме но и за секој случај да си дозволиме уште петнаесетина чифта плус.
    Не го ставам мажот во предност пред се затоа што високата потпетица никогаш не ме изневерила, оставајќи ме со срушени илузии.
    Кој е вашиот избор?
    П.С. Денес го нема очекуваниот доручек во кревет, розата за извини и подарокот без повод.

    од Бароницата
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  14. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Светот е уништен?!

    Си седам јас така пред компјутер и само штракам од навика зошто и со затворени очи ќе ги погодам Facebook,Femina,YouTube,Twitter,MSN и многу други...Но, мозокот ми размислува на нешто друго...
    По цел ден седам на компјутер по сајтови секакви, а опшеството нема корист од мене...Не можам да сфатам како луѓето во многу потешки услови од нас граделе,напреднувале,измислувале,сакале,сонувале,
    почитувале,копнееле... Исак Њутн, Паскал, Галилео Галилеј, Јуриј... Се мачеле да створат нешто што ние нема да знаеме да го почитуваме и се на ''готово'' не ќе можеме да го научиме ?! Мајмуните пронашле со што да се згреат (оган), како да прават живеалишта, а јас што научив...? НИШТО! Јас што создав? НИШТО! Светот станува се повеќе усовршен...НО, со тоа се газат сите морали кои постоеле илјадници години назад :fubar: :fubar:
    Се прават згради со "гадни" пари се омаловажуваат лугето преку медумите... :fubar:
    Светот оди назад,а ние само имаме илузија која не тера да мислиме дека напредуваме... Кога ќе размислам за се се натажувам.КАДЕ Е МОРАЛОТ,ПОЧИТУВАЊЕТО,САКАЊЕТО,КОПНЕЕЊЕТО...?By:Me
     
    На dragan4eDR и Baronessa им се допаѓа ова.
  15. minimouse

    minimouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    http://zenskimuabeti.blogspot.com/


    Ова е мојот блог во обид. Ке се обидам да пишувам колумни па којзнае можеби ќе успеам. Првата колумна се вика ШУМА, ФРИЗУРКА или ТАСМА?
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Све ми боје лепо стоје или сепак моден погодок

    Зошто, зошто, зошто?????????
    Зошто се претвораш во кловн ако не знаеш да комбинираш?
    Сеедно, неважна си!
    Мислам, имам многу да зборувам, но знаејќи дека нема да го прочитаат и серизоно да го сфатат оние кои реално тоа треба да го сторат, ќе се обидам да бидам најкратка и своите зборови да ги потрошам на нешто друго: ПОДОБРО ФАРМЕРКИ, ЦРНА БЛУЗА И ЦРНИ ЧИЗМИ ОТКОЛКУ „БЛОКАДА НА БОИ“ КОЈА ТЕ ПРЕТВОРА ВО КЛОВН, НОВОГОДИШНА ЕЛКА ИЛИ НЕШТО ТРЕТО СЛИЧНО НИМ!!
    Просто е, не оди се со се.
    Просто е, не се само боите во прашање-и материјалот е.
    Просто е, треба да се знаат годишните времиња и да се припазат временските услови.
    Зошто?
    Затоа што секој не може и не знае да носи колор блокинг.
    Затоа што не оди сатен и памучна хеланка.
    Затоа што кратка свечена бундичка оди на свечен фустан, а не на обична денска комбинација.
    Затоа што немаат сите сенс за мода. Но, тоа прифатете го, не обидувајте се да го стекнете и не глупирајте се
    Толку!
    То ест не е толку! Затоа што насловот се состои од два дела.
    Постојат и такви на кои капа ќе им симнам:
    -за нивните совршени комбинации
    -за нивните соврешно искомбинирани бои
    -за нивниот одличен избор на материјали
    -за нивниот избор на гардероба
    -за нивниот вроден сенс за мода, но и затоа што се свесни за него и го користат
    Капа им симнувам затоа што ги фрлаат во сенка оние модни фрикови кои изведуваат... Не е важно што изведуваат кога не им успева изведбата.

    И сакав да кажам уште нешто, но се наруши работната атмосфера и летна концентрацијата.
    Нека остане недоречено. Нека има малку и за следниот пат.
    Ај уил олвејс лав јуууууууу..............
     
    На dragan4eDR и sadangel им се допаѓа ова.
  17. Angela-2403

    Angela-2403 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Јас те сакам ...

    Како што поминува овој ден јас се повеќе сваќам дека мислам на тебе.Се ловам самата себе како итам со мислите кај тебе и подзастанувам на твојата врата.Мислам дека од тука можам да го доловам твојот глас не сваќам дека тоа темно дрво не ми го дозволува тоа.Тропам на таа врата и влегувам во тој дом низ кои поминале многумина.Секој со својата приказна влегол и излегол од тука.Но дали и некоја како мене оставила се во овој дом, дали некоја како мене си ја дала душата и срцето во овој дом, дали некоја тука го оставила да спие својот живот.На тоа прашање сеуште немам одговор.Темниот под ме привлекува само кон твојата соба и твојата топла постела.Да таа беше топла таа вечер кога нежно ме спушти на тој кревет и ме поплави со твоите бакнежи по моето тело.Твоите допири останаа врежани на него , но јас сеуште на овој кревет ги чуствувам моите грешки, стравови, мојата страст и мојата љубов.А ти?Толку многу ме привлекуваше сето ова што заборавив на моите принципи на мојот морал.Но не се кајам за тоа, јас сакав да бидам твоја.Почна како игра но не заврши за сите така.Јас те сакав без на никој да кажам без никој да го дознае тоа дури ни ти самиот.Пред тебе секогаш сум јака и се обидувам да ја играм твојата улога, но кога ќе останам сама моето срце се кине на милион парчиња,а ти тоа никогаш нема да го дознаеш.На еден момент помислувам дека ке ставиш крај на оваа игра, но веќе наредниот ден се појавуваш и повторно ме заведуваш.Дали ова има крај, до кога ќе си играме вака?Јас се би дала за тебе но немам храброст да го признаам тоа пред твоето лице.Се будам и легнувам со твојот лик и со споменот на нашите заеднички мигови, но дали тоа е доволна мојата душа да остане смирена?Дали јас ќе бидам таа која ќе успее да го скроти твоето срце и да те натера да се предадеш на една жена со која ќе си создадеш свој свет?Искрено се надевам на тоа и со солзи во очите го молам Бог да ме донесе во твоето срце и да станам онаа бенка што ќе го обележи твојот живот.Да бидам жената покрај која ќе се будиш и секогаш ќе бидеш среќен.Јас да сум таа на која ќе и ја отвориш твојата душа и на која ќе и дозволиш да погледне длабоко во тебе.И сега се прашувам кога јас ќе соберам храброст и ќе застанам пред тебе и силна како љубовта моја ќе ти кажам ЈАС ТЕ САКАМ !!!
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Баш читнав една колумна па како голем мрчатор против напредната и несфатена младина, решив да ја споделам со дел од пошироката јавност (ако не ја сретнал веќе на фб) која може ќе си се пронајде :D Лично повеќе читам политички и правни колумни, а ги љубам и колумните на Јана на off.net.mk, ама еве ова ми падна во рака :D Него вака....

    ===
    Колумна: Генерација ‘96

    Морав да посветам неколку реченици на оваа генерација. Речиси сите што ме познаваат, знаат колку сум против оваа генерација. Па искрено мислам дека полоша, нема. Со ова не сакам никого лично да навредам, но генерацијо ’96, во глобала сте ужас!

    Кога само ќе помислам дека во моментов имаат едвај 16 години, а нивното однесување е на некое „повисоко“ ниво ми се плаче. Деца се, уште мирисаат на млеко и имаат излез до 12 ипол, а глумат возрасни. Опнати на штикли, рашљакани у фаците како кловнови, машката популација често може да се забележи со Johnny Walker во рака, иако едно шише пијат 13 души, по малце, за да може да останат на нозе, па нормално тоа мало и сеуште неоформено организмиче кај може да издржи таков шок. Е тие, ваквите, вртат шеми по сите фенси клубови, нормално, на junior party.

    Ама најсериозно, не сфаќам. Толку не им е интересно да бидат деца? Да играат додека можат? Па јас лично го памтам детството како нешто убаво, мислам дека убаво го искористив. И да, се осетив прилично старо во моментов кога сфатив што пишувам, но сериозно, покрај новиве генерации, навистина се осеќам старо.

    Аххх се би дал да сум повторно дете, безгрижно и слободно, на кое единствена обврска му е да си ја напише домашната по математика. Ма не бре, не го сакаат тоа, сакаат да бидат возрасни, сакаат да излегуваат, да имаат љубовни проблеми и други проблеми од различен вид кои сами ги создаваат и не постоеле се до моментот кога нивното главче не си увртело некои глупости.

    Го мразам моментот кога детството ме предаде. Кога само ме потапша по рамо и ме „турна“ во светот на возрасните кој што е полн со грижи и обврски, каде што детските игри ти се забранети, каде што се бара сериозност и нов пристап на работите. Во овој свет со секој нов ден детето во тебе полека умира. Но со вложување на голем труд, тоа дете може да се задржи, барем скриено негде длабоко во нас. Е оваа генерација, сама си го убива детето во нив пред било кој да го побара тоа од нив. Стварно не разбирам. Играњето ластик со другарките, ја заменуваат со бркање дечковци за викенд, од 16 години почнуваат со потрагата на господинот „Совршен“, сеуште несериозни навлегуваат во навидум сериозни врски, со несериозни дечки и кога, нормално, таквата врска ќе пропадне, депресијата станува нивен најдобар пријател. Зини земјо, голтни ме. Не се арни. Сериозно. Плачат, рикаат, се трескаат од земја, посегаат по жилети и слични самоубиствени атрибути, па за што да живеат, типот не ја сака, си нашол нова, животот за неа е завршен, па таа него го сметаше за вистинскиот. И одма таа, повеќе не верува во љубов, ќе се замонашува, ќе се ополодува вештачки и ќе остане самохрана мајка.

    Дури и по facebook профилите може да се забележи таа генерација! Немора ни да ја пишува годината на раѓање. По сликите, статусите и начинот на кој ја користи facebook социјалната мрежа, ќе ви биде јасно дека се работи за ТАА генерација. Ако видите на слика детско фациче, унаказено со лоша, обилно ставена шминка, сеуште неоформено тело наместено во смешна положба, бидете сигурни дека станува збор за жртва на генерацијата ’96. Секојдневно, постојано објавување на љубовни статуси, животни мисли, нормално, прогуглани, статуси од типот „живот је кучка, ал ја сам веча“, е исто така симптом за оваа генерација. Кога сме кај статусите, смешно е колку се тие само контрадикторни. Во еден момент таа е скршена, полна со болка и очај, а веќе во наредниот таа е силна женска, кучка, лавица и што ли уште не, која е спремна да се соочи со се и која животот ја направил јака и крута. А каква е реалноста? За тоа сите сме свесни!

    Не велам дека останатите, помали генерации се поарни, но оваа некако ми се издвојува. Чест на исклучоци, а ги има, лично познавам неколку, но навистина се ретки. Епа ако си сте од ретките, бидете горди на себе, ја правите вистинската работа. Јас не сум нешто постар од нив, но мојата генерација стварно се разликуваше. И во мојата генерација имаше секакви, ама во глобала не бевме како генерацијава на која и го посветувам текстов. Го искористивме детството максимално, можеби и повеќе од што треба, ама барем никогаш нема да се покаам дека нешто сум пропуштил.

    Таа фаза од животот заврши, започна некоја нова и по оваа фаза следи некоја следна, но најважно е од секоја фаза да се извлече максимумот.


    ====
    преземено од страната на Хајд Парк
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Си беше еднаш едно време кога македонскиот народ си потпадна под турско ропство. Си беше и си треше цели пет века. Наредните сто лета живееме во „бурни времиња“, па не фати носталгијата за историското ропство и им се вративме на „стара добра времена“, ама сега во модерна верзија. Сега наместо владетели имаме актери, а наместо бегови имаме телевизии кои се трудат тронот на Османлиската Империја да не се заниша.
    Сега на самитот на НАТО Шпанија најверојатно ќе застане на страната на Грција и ќе каже „НЕ“ за влез на Македонија во алијансата. И никакво “por favor” нема да ја премисли. Објаснувањето е јасно – ги заменивме шпанските сапуници со турските.
    Ударните ноќни термини се резервирани за најмалку 2 (две) турски серии на еден телевизиски канал. Во терминот за ручек исто – „ред се редат“ за репризите на вчерашните епизоди. Па така, нема криза да пропуштите нешто. Во случај да сте останале прекувремено на работа, што е типично за внатрешните делови на државата Македонија, тука се викенд изданијата. Од добро утро до добра ноќ, Али Риза, Величествениот, Хурем, Езел, Осман, Јасмин и Саваш се тука да ве потсетат што доживеале од понеделник до петок.

    Сега пред некој ден забележав и реклама дека ќе има реимитување на „Љубов и казна“. Причината била – барањата на гледачите. И ако ги запрашаш луѓето од телевизија зошто толку простор им се одвојува на овие серии, нивниот одговор ќе биде – тоа е најгледано. Е господо газди и уредници дали Вие нудите друг избор освен сапунскиве? Дали Вие не сте толку „стиснати“ за да продуцирате барем една авторска емисија, наместо да гледате да се „извлечете“ поевтино и да купите некоја серија?
    Сепак тука морам да се демантирам. И не е се толку црно. Благодарение на Капетанот Али, децата од мали нозе учат дека мажот е тој што се слуша, ако нешто не оди како што треба, тогаш треба да се покаже машкоста со кревање рака. Ако пак и тоа не успее, постои и друго чаре. Сегашната жена нека стане бивша, а љубовницата газдарица на куќата. Господинот Полат држи лекции за техниките на ракување со оружјето, а неговата дружина учи како треба да функционираме кога ќе станеме „члан мафије“. Величествениот Султан Сулејман демонстрира дека треба да се војува со оној кој има различни погледи од твоите. Хурем и Ферхунде покажаа, а можеби и докажаа, дека не е важен моралот и патот, кога целта ти се моќта и парите. Нели тоа е во согласност со принципите дека една телевизиска програма, покрај забавен и информативен, треба да има и едукативен карактер?
    Од друга страна, се покорните гледачи и нивната фасада. Не барокна! Половина од нив плукаат, а сите ги гледаат. Се соживуваат со дејствието во серијата, ги мразат негативните ликови, а потајно сите сакаат да го купат нивниот карактер.
    Ако толку многу сме против турските тв-приказни сигурно до сега некој ќе се сетеше да организира протести пред телевизиските куќи. И така во денешното време секој протестира за нешто. Тоа е право на секој граѓанин во една демократска држава.
    Живот без сапунските серии... Е „џ’нм“ тогаш телефонските линии на телевизиите ќе бидат зафатени повеќе од оние т.н. „хот лајн“. Тогаш нема да има зголеменост на посетата само на црквата „ Св. Димитрија“, туку ќе се преплават и парковите, и театрите, и кино салите, и библиотеките.


    Мноогу точно.. Превземено од Биди онлајн, информирај се..
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Извини, немам време!

    Од многуте фрази во мојот вокабулар, особено меѓу оние бесмислените, една од најчесто употребуваните е токму оваа, „Немам време“, па затоа морам да посветам неколку збора токму на неа и на нејзината употреба.

    Колку тоа јас навистина немам време? Колку од можните 24 часа јас навистина искористувам? Што всушност се подразбира под „немам време“? Во ова текстче би сакал да ги елаборирам токму овие прашања.

    24 часа, 7 дена во неделата, ќе си рече човек „што толку обврски има детево на негови години, па што нема време за се?“. Ееее тоа да видиш, што е тоа што ми го арчи времето? Епа тука лежи зајакот. Реално, НИШТО! Но тоа „ништо“ е многу релативна работа. Под „ништо“ спаѓаат многу работи, за кого-како.

    Дневните обврски што навистина постојат се одење на факултет, слушање предавања и враќање од факултет, не дека чувствувам некоја голема облигација да го сторам ова, но ете, ајде, обврска си е. Да работам, не работам, да имам деца за чување, немам, издржување на изнемоштени лица, скраја било, ни тоа.. Па кај ми оди времето? На што ги трошам тие секојдневно „подарени“ 24 часа?

    Епа не бивало ако јас не „потрошам“ минимум 11 часа на спиење, колку и да сум свесен дека спиењето е чисто губење време, ама онака апла безвезно губење време, не можам да си помогнам. Не е дека мене ми се допаѓа тоа, но навистина немам контрола. Кога сме кај тоа, оваа прилика ќе ја искористам да пратам еден апел до драгите и почитувани научници и научничиња, што е можно побрзо да измислат уред со кои би се контролирало спиењето како и времетраењето на истото. Однапред ви благодарам!

    И ете така 11 часа, изгубени! На располагање има уште 13, па не се малце, со добра организација, има време за се….демек! Или јас сум тотално неорганизиран или фразава е „бабини деветини“. Па како во тие 13 часа да јадам три, четири пати, а да не зборам колку време се губи на набавка и подготовка на храната, потоа, да испијам четири, пет кафиња, повторно се губи време на подготовка или нарачка на истите, треба ли да изгледам две, три епизоди од мојата омилена психопатска серија, да ги ислушам предавањата на моите дома дека алиштата ми биле насекаде, дека пак сум насобрал чаши во соба, дека очите ќе ми се расипат од компјутерот и слично. Не сфаќам како сеуште не можат да разберат? Јас целиот во „фрка“ дека сеуште не сум спремен, а веќе каснам бидејќи морав да видам дали Декстер ќе го „среди“ типот, мајка ми ми „запнала“ да си ги средам алиштата. И никако да сфати дека имам договорено кафе и дека нема смисла луѓето да ме чекаат бидејќи мене ми текнало да си ги средувам алиштата. Кај нон-стоп каснам и презакажувам поради моиве „обврски“, па уште и дополнителни ми фалат. И нормално, доаѓа до „излетување“ низ врата со зборовите „извини, немам време!“, епа ако имаат они време слободно нека се занимаваат со моите алишта, јас стварно немам време за нив!

    Што е уште потрагично, се случува понекогаш да „немам време“ да се видам со некој, да испијам едно кафе. Е тоа е многу чудна работа. Како доаѓа до тоа ни сам не можам да се изначудам. Да немам време да одам на предавања, да разберам, но да немам време да пијам кафе со некој? До душа некако најбаран сум пред колоквиуми, некако тогаш сите добиваат желба да ме видат, а кога највеќе треба, нигде ги нема, пустош!

    Често, фразата „немам време“ се користи и како замена за „ме мрзи“. Едноставно нели ако кажете „ме мрзи“ по автоматизам ви се додаваат епитетите, мрзлив, бескорисен, ленчуга и слично, па затоа многу по фино е да речете дека немате време, не дека ве мрзи, вие без проблем би го сториле тоа, но за жал ете немате време. На пример, не дека мене ме мрзи и ми е проблем да си ги завршам домашните обврски, едноставно во моментот навистина немам време за нив.

    Можам јас вака да си „разглабам“ до утре, дополнителни часови нема да добијам, но барем си ја кажав маката. Па кога ќе размислам подобро и да ми се дадат и дополнителни часови, единствено што ќе се зголемат оброците, кафињата и часовите за спиење. Дневна продуктивност од моја страна, минимална. Што да ми правиш, мрза, ама ајде, млад сум, ќе ми се прости.

    Би допишал уште нешто, но стварно немам време.

    Le Me, Kokakolicar Eden Nizaeden

    Преземено од Хајдпарк.мк

    Во многу пишани работи си се пронајдов па решив и тука да ја постирам бидејќи навистина заслужува да се прочита и верувам дека ќе ве замисли бар малку како мене..
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.